Не сум подготвен за настап!

Најтиражаниот шпански спортски весник Марка пренесе изјава на Кристијано Роналдо која може да стави крај на спорот меѓу Реал Мадрид и Фудбалската федерација на Португалија (ФПФ). Како што е познато, двете страни се во меѓусебен конфликт околу настапот на Роналдо на бараж-дуелите со Босна и Херцеговина бидејќи Реал тврди дека тој е повреден, а во националната Федерација не веруваат на таквите тврдења.

"Не сум подготвен за настап! Се уште чувствувам болки и ми треба уште некое време одмор", рече Роналдо, кој повредата на десниот скочен зглоб ја влоши токму играјќи за репрезентацијата на Португалија на последните натпревари од квалификациите за Светското првенство во Јужна Африка.

Инаку, Реал Мадрид воопшто не сака да ја пушти својата најголема ѕвезда ниту на преглед на лекарската служба на португалската репрезентација повикувајќи се на Правилникот на ФИФА, кој, според нив, го фаворизира клубот. Од ФПФ, пак, соопштија дека го очекуваат Роналдо на денешниот тренинг и дека отсега ќе го прегледуваат докторите во репрезентацијата.

Селекторот на Португалија, Карлос Квеироз, е свесен дека без Роналдо неговиот состав ќе биде драстично ослабен, но не и без шанси имајќи предвид дека Португалците се големи фаворити во дуелот со селекцијата на БиХ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...