Денот за СЛОБОДА на Пандев!

По цели 4 месеци чекање и неизвесност дојде денот кога судските органи во Италија треба да ја донесат одлуката по жалбата на Горан Пандев, кој побара раскин на договорот со Лацио поради "терор" и неоправдано бришење на неговото име од првиот тим на римскиот клуб. Погледите на Горан Пандев, неговиот менаџерски тим и адвокатите се насочени кон Милано. Таму минатата недела имаше неуспешно соочување на двете страни кое мина без договор за помирување. Пандев и Лацио ги приложија фактите па така сега на потег е арбитражниот суд. Во целиот овој случај Лацио успешно купуваше време, но не успеа да го довлечка процесот до почетокот на новата 2010 година.

Пандев очекува дека судот ќе ја прифати неговата жалба и дека денеска ќе му биде раскинат договорот со Лацио. Тензиите и теророт на римјаните кон Пандев траат од јуни и од тој период па до денеска Пандев нема ниту една минута настап за Лацио иако лани беше првата виолина на клубот од "Олимпико". Доколку се биде како што треба и судот пресуди во корист на Пандев, тимот од Рим има право на жалба и целиот процес би требало да се реши за 30 дена.

Тоа е 21 јануари со што Пандев би имал само една недела од јануарскиот преоден рок за трансфер во друг клуб. И додека се чека пресудата во Италија веќе еден куп вести за трансфер на нашиот фудбалер во Интер, Јувентус... а најновата вест е поврзана и со негово заминување во Милан. Како што се нижат вестите така доаѓаат и информациите од Лацио од каде се подготвуваат за "трампа". Римјаните веќе гледаат алтернативи во трите клуба. Од Интер го барат Виеира и Арнаутовиќ, а од Јувентус на менито е младиот Џовинко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...