Слободата на Пандев заглавена во снег

Доцна синоќа во Милано пред Арбитражниот суд на Калчо лигата се очекуваше крајот на сослушувањето на сите повикани сведоци од двете страни во случајот околу барањето на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев за раскин на договорот со Лацио.

Факт е дека вчерашниот ден донесе уште една тактичка "победа" на претседателот на "лацијалите" Клаудио Лотито со оглед на тоа што, како што пренесуваат и италијанските медиуми, за конечната одлука околу овој случај ќе се чека на 6. јануари 2010 година кој е првично предвидениот датум кој треба да го даде дефинитивниот одговор.

Вчера очекуваната слобода за Пандев остана заглавена во силното снежно невреме во Милано. Закажаниот почеток на сослушувањето од 16 часот доцнеше цели четири часа поради доцнењето на адвокатот на Клаудио Лотито, Џанмикеле Џентиле, кој останал заглавен во сообраќајниот метеж а без кого Лотито не сакал да го почне судскиот процес. Откако Џентиле околу 20 часот пристигна во просториите на Арбитражниот суд веднаш беа сослушани Лоренцо Де Силвестри од страната на Пандев, потоа претседателот на Лацио, Клаудио Лотито како и тренерот на "лацијалите", Балардини. Беше одбиено барањето од адвокатскиот тим на Горан Пандев меѓу сведоците да биде и Рикардо Бонето. Токму поради доцнењето на целокупниот старт на судскиот процес Арбитражниот суд одлучи дополнително да бидат донесени одлуките за раскинот на договорот.

Според известувањата на италијанските медиуми кои го следеа синоќешниот судски процес, Клаудио Лотито без желба да даде било каква изјава со насмеано лице го напуштил судот веднаш по неговото сведочење. Во секој случај новото одложување околу конечната одлука за слободата на Горан Пандев дефинитивно повторно е единствено во корист само на Лацио.

Како што е познато, најдобриот македонски фудбалер покрена постапка за раскин на договорот со својот клуб откако беше исклучен од првиот тим поради одбивањето за продолжување на договорот кој му истекува во јуни 2010 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...