"Со нетрпение чекам да заминам од Лацио"

"Крајно сум разочаран од Лотито, кој ме третираше како никој и ништо во клубот. Премногу лаги беа изговорени изминатиов период од негова страна. Се надевам само на што поскоро заминување", вели нашиот репрезентативец

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, се уште останува во очекување на одлуката на Арбитражниот суд од Милано по завршувањето на судскиот процес околу неговото барање за раскин на договорот со "лацијалите".

Завршеното сослушување на понудените сведоци од двете страни во понеделникот не даде дефинитивен одговор за слободата на македонскиот репрезентативец, меѓутоа согласно последните најави на италијанските медиуми денеска можна е презентација на финалната одлука.

Како и да е, веднаш по состанокот на Арбитражниот суд Пандев за италијанските медиуми уште еднаш јасно посочи дека е повеќе од подготвен за заминување од Лацио во јануарскиот преоден рок искрено очекувајќи одлуката на судот да биде во негова корист.

"Со нетрпение очекувам да заминам од Лацио. Малку кој може да поднесе ваков третман каков што јас доживеав од клубот последните шест месеци", вели Пандев нагласувајќи ја сопствената разочараност од односот на претседателот на римскиот прволигаш.

"Крајно сум разочаран од односот на Лотито, кој ме третираше како никој и ништо во клубот. Премногу лаги беа изговорени изминатиов период од негова страна. Се надевам само на што поскоро заминување", истакнува нашиот репрезентативец.

Според Пандев, време е да се прекине со непријатната ситуација и за двете страни...

"Веќе четири месеци тренирам сам. Сега, овие денови само се надевам дека на сето ова ќе му дојде што побрзо крајот. Мојата желба е единствено да се вратам на зелените терени. Време е повторно да бидам само фудбалер", вели македонскиот голгетер.

Во понеделникот, долго очекуваниот судски процес пред Арбитражниот суд стартуваше со четиричасовно задоцнување во очекување на адвокатот на Лотито, Џанмикеле Џентиле, кој заглавил на пет километри од просториите на судот поради снежното невреме и собраќајниот метеж. До доцна во ноќта беа сослушувани сведоците од страна на Лацио, претседателот Клаудио Лотито, како и тренерот Балардини, но и сведокот предложен од адвокатскиот тим на Горан Пандев, Лоренцо де Силвестри. И покрај очекувањата, сепак, не беше дозволено сведочењето и на Рикардо Бонети, како предлог од страната на нашиот фудбалер, поради негово претходно учество во судски процес против Лацио.

А, дали сумираните впечатоци од сведочењата, според очекувањата и на Здружението на професионални фудбалери на Италија, од страна на Арбитражата ќе бидат преточени во одлука веќе деновиве низ актуелната седмица, или ќе се остане на првичната најава за одлука на 6 јануари 2010 година останува да видиме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...