ПОВЕЌЕ НЕМА ДИЛЕМИ ОКОЛУ ИДНИНАТА НА ГОРАН ПАНДЕВ

Во ИНТЕР - 15.000.000 евра за 5 години

На 2 јануари нашиот најдобар фудбалер ќе биде промовиран како засилување за шампионот на Италија и ќе почне со работа кај Хозе Мурињо

Битката со Лацио е добиена и сега е време за следниот предизвик. Горан Пандев заминува во Интер, и тоа е 100% завршена работа. Трансферот ќе биде официјализиран во првите денови од новата 2010 година кога и почнува зимскиот преоден рок. Повеќе и нема тајни околу условите кои ги добива нашиот најдобар фудбалер од неговиот матичен клуб во Италија. Дознавме дека Пандев веќе има потпишано договор со Интер на 5 години и тоа за вкупна сума од 15.000.000 евра кои ќе легнат на сметката на нашиот репрезентативец.

Фудбалерот беше во Милано кога арбитражниот суд завчера ја соопшти веста за неговата слобода. Веднаш потоа имал и средба со луѓето на Интер со кои ги прецизирале сите детали иако од поодамна се знаеле формалностите. Дека му падна камен од срце и дека Пандев со нетрпение ја чекал слободата и времето за одмор говори и фактот дека тој веднаш по одлуката барал билет до Македонија по секоја цена. Вчера во вечерните часови се појавил во својата родна Струмица и со својата фамилија и најблиските ја прославил победата и слободата и трансферот во Интер.

Како што дознавме, нашиот најдобар фудбалер добил време за одмор и од новиот шеф Хозе Мурињо. И познатиот португалски стратег е свесен за пеколот низ кој мина Горан Пандев и затоа не инсистирал тој веднаш да стартува со тренинзите иако за клубот има само 2-3 дена пауза затоа што на 6 јануари продолжува сезоната кога Интер го игра првенствениот меч со Киево кога се очекува и дебито на струмичанецот во новиот тим.

Горан Пандев на 2 јануари ќе биде промовиран како нов фудбалер на Интер. Истиот ден ќе го има и првиот тренинг со екипата во која има огромна конкуренција за напаѓачките места.

"Јас никогаш не сум стравувал од конкуренција. Верувам во своите квалитети. Интер!? Тоа е клуб кој ги исполнува моите амбиции. Веќе реков дека сакам да одам во екипа која ќе се бори за титули, која ќе игра во Лигата на шампионите...", коментира Пандев од Струмица кој ниту ги демантира а ниту ги потврдува најавите за неговиот следен нов клуб.

"Се е како што треба и треба да минат неколку дена. Нема потреба од брзање иако веќе на сите ви е добро познато што ќе се случи. Во денешно време нема криење...", е ставот на нашата прва фудбалска виолина во последните неколку години.

Среќниот крај на тензиите околу Пандев, неговата слобода по судскиот процес во Лацио и трансферот во Интер се најдоброто нешто што му се случи на македонскиот фудбал во оваа проклета и црна 2009 година. Настанот околу нашиот најдобар фудбалер е топ тема не само во земјава и во Италија туку и во комплетната фудбалска јавност низ светот. Пандев го заслужи сето ова. Сега на ред е нашиот најдобар фудбалер да покаже што знае во дресот на Интер и да се вивне кон најголемите ѕвезди на овој спорт. Да се освојуваат титули, да се тресат мрежите на сите фронтови. Струмичанецот имаше долга пауза, но низ настапите за националниот тим оваа есен простигна 7 голови на 6 средби.

Пандев во Интер заминува како освежување во нападот и е на добар пат и оваа сезона со екипата од "Џузепе Меаца" да ја одбрани титулата. Сепак, предизвикот за Интер во новата 2010 година се вика Челзи и настапите со оваа екипа во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Третиот Македонец на "Џузепе Меаца"

Дарко Панчев, Горан Славковски и сега Горан Пандев. Струмичанецот е третиот Македонец кој ќе го носи дресот на најдобриот тим од "Џузепе Меаца". Во 1992 година Дарко Панчев од Црвена Звезда за 10.000.000 германски марки замина во Италија и тоа беше еден од најголмите трансфери за тоа време.

Историјата како да се повторува. И тогаш Панчев бираше меѓу Интер и Милан и се одлучи за "сино-црните". Многумина аналитичари и во денешно време коментираат дека тоа бил погрешен избор. Панчев не се прослави во Интер. За 3 години престој во тој тим одигра 19 средби и даде само 3 голови. И сега Пандев бираше меѓу Интер и Милан. И тој оди по стапките на "златната копачка". Дефинитивно Интер е клуб на Македонците.

Тука не смее да го заборавиме и Горан Славковски. Големиот талент влезе во клупската историја на оваа екипа како најмладиот играч кој настапил на првенствен меч. Настапи 15 минути на дуелот со Сиена пред три години и има минутажа и е дел од тимот на Интер кој освои шампионска титула. Славковски беше голгетер за младинците на Интер каде во времето на Пандев настапуваше и Ацо Стојков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...