Пандев е божиќниот дар за Мурињо

Горан Пандев со фамилијата и пријателите се одмора во родната Струмица. Заслужува да биде во релаксирана и мирна атмосфера без проблеми и без да мисли на Клаудио Лотито. Претседателот на Лацио ја загуби битката со правдата, го загуби Пандев, а најголем губитник во целиот овој случај е Лацио. Римскиот клуб го загуби за безпари својот најдобар фудбалер. Отидоа околу 15.000.000 евра и сето тоа поради инаетот на контроверзниот Лотито и неговата десна рака Игли Таре.

А Пандев веќе ја слави својата слобода. Но нема доволно време. Имаше долга пауза и сега треба да се врати во свој стил. Да се врати во Милано, во Интер и да докаже дека го заслужува дресот на шампионот во Италија. Многумина најавуваат дека Пандев е божиќниот дар за популарниот тренер Хозе Мурињо и за сите фанови на "нероазурите". Засилување за голови за титула и за атак во Лигата на шампионите.

"Јас сум во добра форма и покрај тоа што немав настап за Лацио веќе цела есен. Подготвен сум за новите предизвици...", коментира нашиот најдобар фудбалер околу својата форма. Дека паузата не влијае многу врз неговите игри се докажа на репрезентативните натпревари на кои оваа есен Пандев даде 7 голови на 6 средби.

Во деновите на божиќните празници во Италија владее тотален молк на фудбалски план. Интер почнува да функционира од утре, а клубот заминува на куса турнеја во Саудиска Арабија. Таму се патува на 29 ноември. На "Џузепе Меаца" се подготвуваат за промоцијата на новиот фудбалер. Струмичанецот на 2 јануари се враќа за Италија и истиот ден ќе биде промовиран како нов фудбалер на Интер, а ќе почне и со тренинзите. Веќе имал разговори со новиот тренер Мурињо од кого добил честитки за неговото доаѓање во неговата екипа.

Колку само за потсетување дека Пандев во првите денови на новата 2010 година и официјално ќе стане член на Интер. Трансферот е договорен, а неговиот договор со "нероазурите" ќе трае до 2015 година за 3.000.000 евра по сезона. Со оваа цифра Пандев ќе стане најплатениот спортист на сите времиња во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...