Интер дочека четвртфинале во ЛШ

По четири години пауза, италијанскиот првак Интер ќе учествува во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Иако малкумина го очекуваа тоа во пресрет на двомечот со Челзи, "неро-азурите" два пати го совладаа лидерот во Премиер-лигата и сосема заслужено е меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите каде не бил од сезоната 2005/06. Можеби јунак на синоќешниот натпревар е Самуел Ето, но вистинскиот херој на Интер е тренерот Жозе Мурињо кој уште еднаш покажа дека знае како психолошки да ги подготви фудбалерите пред вакви важни дуели.

Да биде победата уште послатка, пласманот во четвртфиналето е обезбеден на Стемфорд Бриџ каде, како што португалскиот стручњак рече пред три недели, никогаш не губи. Барселона се уште е единствениот тим од кој Мурињо загубил на лондонскиот стадион и тоа уште во времето кога го водеше Челзи. Интересно е што и тогаш кобен за клубот од Стемфорд Бриџ беше Самуел Ето кој постигна еден од двата гола во победата од 2:1.

"Сините" можеби беа подобар противник на првиот меч против Интер на Џузепе Меаца пред три недели, но вчера беа далеку од таков епитет. Само на моменти фудбалерите на Карло Анчелоти блескаа на својот терен и го загрозија голманот Жулио Цезар. Предводен од одбранбениот тандем Лусио-Самуел, Интер знаеше што сака, се повлече на својата половина и шансата ја бараше од контранапади. Првото полувреме не донесе ништо значајно, но затоа во второто имаше големи возбудувања. А, наспроти сите очекувања, тие се случија пред голот на Челзи. Прво, Пандев излезе сам на околу 20 метри од голот на Турнбул, но премногу чекаше и беше изблокиран, потоа Ето од слична позиција не погоди, но во третата прилика Камерунецот не можеше да погреши, го погоди долниот десен агол од голот на Челзи и го запечати пласманот на Интер во четвртфиналето. И претходно беше јасно дека еден таков момент ќе биде пресуден бидејќи Челзи немаше ниту сили, ниту визија како да стигне до победата.

Многу поголема сензација се случи во Севиља каде домашниот тим наспроти сите очекувања доживеа елиминација од ЦСКА. Шпанскиот тим во мечот влезе десеткуван бидејќи неколку фудбалери не настапија поради повреди и суспензии, но и покрај тоа се очекува Севиља да помине во четвртфиналето. Сепак, Нечид и Хонда се погрижија за тоа Русија да има претставник меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување, а за Шпанија честа вечерва ќе ја брани актуелниот европски првак Барселона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...