Интер стана најлошиот кошмар на Барселона

Актуелниот европски првак Барселона ќе има ѓаволски тешка работа да обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите, а со тоа и да се бори за одбрана на трофејот. Каталонскиот гигант синоќа сосема заслужено беше поразен од Интер во првиот полуфинален натпревар и според она што беше покажано на Џузепе Меаца веројатно и не заслужува да игра во големото финале на 22 мај во Мадрид. Она што не им успеа на еден куп гиганти во последните две години вчера го направи Интер кој на Барса и го нанесе првиот гостински пораз во Лигата на шампионите по 29 април 2008 година кога во истата фаза, но на реваншот, поуспешен беше Манчестер Јунајтед.

Синоќешниот натпревар многу наликуваше на оној што Интер го одигра против Челзи во осминафиналето од Лигата на шампионите. Единствената разлика беше што сега Барселона поведе, а на полувреме се замина со нерешен резултат 1:1. Веднаш штом почна вториот дел "нероазурите" дојдоа во водство и оттогаш до крајот на средбата целосно ги имаа работите во свои раце. Жозе Мурињо повторно одлично тактички го постави тимот, Тиаго Мота го одигра можеби најдобриот натпревар откако е во Интер запирајќи го целосно Меси, а Снајдер, Мајкон и Милито го искористија сето она што со "големо срце" им го подари одбраната на Барселона. Мора да се истакне и дека Интер имаше голема помош од судиската тројка која му призна гол од чист офсајд на Милито, но и Барселона лани го елиминира Челзи во полуфиналето со судиска помош, па ова може да се протолкува и како враќање.

Како и да е, факт е дека Барселона синоќа го одигра најлошиот натпревар во Лигата на шампионите откако на клупата на тимот е Пеп Гвардиола. Истото важи и за Меси, но и за Ибрахимовиќ кој направи да изгледа како Барса да игра без напаѓачи. Голема вина за поразот веројатно лежи и кај тренерот Гвардиола кој целосно збрка и со почетната концепција и со она што подоцна се обиде да го корегира. Го извади од игра Ибрахимовиќ, но на негово место не стави шпиц, туку се одлучи за Абидал, па во финишот од натпреварот Пике беше во улога на напаѓач. Барселона сега може да се правда на долгиот пат со автобус до Милано, на голот од офсајд на Милито или недосудениот пенал врз Алвес, но факт е дека синоќа не заслужи ништо повеќе од поразот. Интер повторно покажа дека знае што прави сезонава и со петтата победа во нокаут-фазата широко си ги отвори вратите кон финалето.

Во претстојните седум дена до реваншот Барселона ќе мора да бара начин како да ја надополни негативата. Челзи беше во слична ситуација во осминафиналето пред реваншот на свој терен, но не успеа да обезбеди пласман во следната фаза. Интер можеби нема којзнае каква игра, но на клупата го има Жозе Мурињо кој е најдобрата гаранција дека италијанскиот првак не планира да го заврши својот пат во Лигата на шампионите на 28 април на Ноу Камп. Дополнителен проблем за Барселона ќе биде тоа што во реваншот нема да игра капитенот Карлес Пујол, а одбраната и вака беше ужасна. Единствената работа за тимот на Гвардиола од синоќешниот меч е голот на Педро кој остава каква-таква надеж пред реваншот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...