Торес останува на Енфилд

Фернандо Торес и во следната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул. Ваков епилог дала средбата меѓу шпанскиот репрезентативец и менаџерот Рој Хоџсон одржана вчера во клупските простории.

"Се сретнав со Фернандо и имав можност да видам дека се работи за прекрасно момче со кое имав убав разговор. Сакаме тој да остане кај на затоа што е значаен дел од Ливерпул. Кристијан Парслоу исто така беше на состанокот и сите тројца дојдовме до заклучок дека Торес ќе остане на Енфилд", откри Хоџсон.

Покрај Торес, новиот менаџер на Ливерпул откри дека во клубот останува и капитенот Стивен Џерард, кој летово беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид. Двете ѕвезди заедно со другите фудбалери ќе се обидат да го вратат реномето на Ливерпул, кој минатата сезона ја заврши на седмата позиција на табелата во Премиер-лигата и ќе игра во Лигата на Европа. Останува само уште да се дефинира ситуацијата со Хавиер Маскерано, кој побара дозвола за трансфер, а би можел да се пресели во Интер или Барселона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...