Место во Арсенал, Кол заврши во Ливерпул

Англискиот репрезентативец Џо Кол во следните четири години ќе го носи дресот на Ливерпул, објави вчера премиерлигашот на својата официјална интернет-страница. Ова е неочекуван пресврт во ситуацијата со 29-годишниот напаѓач кој пред почетокот на Светското првенство во Јужна Африка јавно изјави дека негова следна станица во кариерата ќе биде Арсенал. На крајот од сезоната на Кол му истече договорот со "сините", па како слободен играч заминува на Енфилд како замена за Јоси Бенајун, кој летово за 5,5 милиони фунти замина во обратна насока.

"Ливерпул е воодушевен од доаѓањето на Џо Кол. Англискиот репрезентативец ги договори личните детали со клупското раководство и останува само уште да ги помине лекарските прегледи", се вели на интернет-страницата на Ливерпул.

Иако од Челзи си замина поради "лошите финансиски услови", Џо Кол ниту во Ливерпул нема да ја надмине цифрата од 100 илјади фунти неделно. Неофицијално, неговата седмична плата ќе изнесува 90 илјади фунти, што, сепак, ќе го направи еден од најплатените фудбалери. Освен Тотенхем, за него летово беа заинтересирани уште Тотенхем и Манчестер Јунајтед, како и неколку италијански клубови, но ниеден од нив не можеше да ги исполни високите финансиски барања. Во клубот од Енфилд, Џо Кол би требало да биде од голема помош за Стивен Џерард и Фернандо Торес и да отвори повеќе простор во нападот, што не беше случај со Јоси Бенајун последните две сезони.

Инаку, Кол е производ на добро познатата фудбалска школа на Вест Хем од каде излезе и Френк Лампард, а дресот на овој клуб го носеше од 1998 до 2003 година. Потоа се пресели во Челзи со кој освои три титули во Премиер-лигата и две во ФА Купот. За репрезентацијата на Англија има 56 настапи и десет гола.

Џо Кол е второто засилување за Ливерпул во летниот преоден рок по Милан Јовановиќ од Стандард Лиеж, а од Енфилд си заминаа Јоси Бенајун и Емилијано Инсуа. Можно е до крајот на летото да си замине и Хавиер Маскерано кој се уште не се појавил на подготовките и не одговара на повиците на новиот менаџер Рој Хоџсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...