Рибери и Бензема во притвор

Француските фудбалери Франк Рибери и Карим Бензема мораа да поминат 48 часа во притвор поради основано сомнение дека користеле услуги на малолетна проститутка. Од истите причини во притвор се и зетот на Рибери, како и агентот на Бензема, а следните два дена истражниот судија ќе одлучи дали против нив ќе бидат покренати обвиненија. Истрагата против двајцата фудбалери почна во април, но тогаш беше одлучено целата постапка да се одложи до крајот на Светското првенство.

Бензема и Рибери вчера дадоа свои искази за полицијата, но деталите од сослушувањето не беа соопштени.

Аферата излезе на површина кога малолетната Захира Дехар изјави за медиумите дека имала сексуални односи со фудбалерите при што тврдеше дека никогаш не се занимавала со проституција. Според нејзините зборови, Рибери минатата година трипати ја водел во Минхен каде ја сместувал во еден хотел и секогаш и давал пари. Според француските закони, плаќање секс со малолетни лица се казнува со три години затвор и парично со 45 илјади евра.

Правната застапничка на Рибери, Софи Боте по сослушувањето во полицискиот притвор дека нејзиниот клиент не може да биде прогласен за виновен бидејќи "девојката не изгледа како малолетничка, а не рекла дека нема 18 години".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...