Фабрегас е само позајмен играч на Арсенал

Играчот од средниот ред на Барселона, Чави Ернандес истакна дека неговиот сонародник кој настапува во Арсенал, Сеск Фабрегас со сигурност ќе се врати на "Ноу Камп".

Познато е дека Каталонците имаат голема желба да го вратат Фабрегас во матичниот клуб, но не можат да се договорат со "топчиите" околу цената на фудбалерот.

"Знам дека Сеск уште оваа сезона сака да се врати, но не знам дали ќе има доволно време за договор меѓу Барса и Арсенал. Англичаните треба да разберат само дека го одложуваат неизбежното. Ако ова лето не го доведеме, Арсенал само ќе го има Сеск под наем за една сезона, затоа што ништо не може да го сопре да дојде кај нас во следното лето", изјави Чави.

"Претставниците на Фабрегас ќе имаат цела сезона да ги расчистат деталите околу трансферот и сум сигурен дека ќе се реализира. Не сум се откажал од можноста дека и ова лето ќе дојде. Бевме заедно со него пет недели на Светското првенство во Јужна Африка и тој сосем јасно ни изјави дека сака да дојде на "Ноу Камп". Сепак сега не сака да направи ништо со што ќе ги повреди навивачите на Арсенал", дополни играчот на Барса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...