Англискиот репрезентативец Џо Кол вчера го стави својот потпис на четиригодишниот договор со Ливерпул за неделна плата од 80 илјади евра откако претходно ги мина лекарските прегледи.
Интересно е тоа што 29-годишниот напаѓач и во Ливерпул ќе го носи дресот со број 10 иако минатата недела со тој број се сликаше првото засилување на "црвените" Милан Јовановиќ.
Кол треба да помогне да се оствари желбата на навивачите на Ливерпул кои не се израдувале на титула во првенството од 1991 година.