Робен: Ливерпул има подобри напаѓачи од Барса

Играчот на Баерн Минхен, Арјен Робен изјавил дека офанзивната линија на Ливерпул, на чело со Џо Кол, Торес и Жерард е поопасна од нападот на Барселона.

Според зборовите на Робен, со доаѓањето на Кол, Ливерпул ќе биде многу посилен.

"Мислам дека за Ливерпул овие тројца напаѓачи ќе бидат вистинската сила во Премиер лигата, така да ги гледам како сериозни кандидати за титулата" - рекол Робен.

"Од овие тројца тешко дека ќе најдете подобро трио во сите европски тимови, вклучувајќи ја и Барселона. Се согласувам со изјавата на Жерард дека Кол е добар дриблер како и Меси." - продолжил Робен.

"Ако игра повеќе по средината, Кол ќе постигне доста голови, има одличен преглед на играта, ќе му создаде доста шанси на Торес. Мислам дека управата на Челзи направи голема грешка што му дозволи на Кол да си замине. Тој го сакаше Лондон, навивачите на Челзи, но сигурно некој многу го вознемири, штом се одлучи да ги напушти сите" - завршил Робен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...