ПЕТКРАТНИОТ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН БЕЗ СВОИТЕ ЅВЕЗДИ НА ДУЕЛИТЕ СО РАБОТНИЧКИ

Ливерпул со "анонимци" во Скопје

* Без Џерард, Торес, Кујт, Џонсон, Џо Кол, Карагер, Пепе Реина, Маскерано... "црвените" ќе ги очекуваат дуелите со нашите "романтичари"

Рој Хоџсон, кој своето официјално деби на клупата на Ливерпул ќе го има во Скопје на препорака на стручниот тим во својот клуб во никој случај нема да смета на главните свои ѕвезди во клубот за средбите со Работнички во Лигата на Европа. Без Џерард, Торес, Кујт, Џонсон, Џо Кол, Карагер, Пепе Реина, Маскерано... "црвените" сосема извесно ќе ги очекуваат дуелите со нашите "романтичари". Стивен Џерард, Глен Џонсон, Џејми Карагер и новото засилување Џо Кол во моментов имаат само полесни тренинзите со тимот, па препораката е тие да не бидат вклучени во натпреварувачки ритам во оваа фаза од подготовките, додека, пак, финалистите од СП 2010, Фернандо Торес, голманот Пепе Реина и холандскиот напаѓач Дирк Кајт сè уште го користат својот одмор. Аргентинецот Хавиер Маскерано веќе е пред трансфер во Интер, далеку од тимот..., а за првите евро дуели не се планираат ниту дефанзивците Даниел Агер, и Словакот Мартин Шкртел...

"Се плашам дека ќе немаме доволно фудбалери за првите евро-дуели. Стручно-консултантскиот тим од клубот ме информираше дека ќе биде сосема погрешно доколку фудбалерите кои играа на СП во Јужна Африка се активираат на официјални натпревари вака рано на стартот од натпреварувачката година. Но, ако не ги вклучам нив тогаш ќе немаме кого да пријавиме, што значи како и да е ќе мора да балансираме", вели Рој Хоџсон.

Како и да е, факт е дека Ливерпул не е најподготвен за настап во својот најсилен состав на стартот од сезоната. Од поистакнатите имиња во клубот, за натпреварите со Работнички ќе може да се смета на бразилскиот фудбалер од средниот ред Лукас, резервниот голман Кавалиери, Италијанецот Алберто Аквилани, како и францускиот напаѓач Давид Н'Гог. Во тимот треба да бидат и новите засилувања, српскиот репрезентативец Милан Јовановиќ како и 2 милиони фунти вредниот млад шкотски дефанзивец Дени Вилсон, кој дојде од Глазгов Ренџерс. Шанса сигурно добиваат и "анонимните" Џеј Спиринг, Мартин Кели, Џон Шелви, Натан Еклстон, Стивен Дарби... Се разбира, секако повеќе од сериозен квалитет за македонските фудбалски услови, но далеку од тим кој ја носи тежината на името - Ливерпул.


Хоџсон: "Нема да брзаме со нови имиња за Лигата на Европа"

И покрај реалното отсуство на најдобрите свои играчи за првите евро натпревари, Рој Хоџсон нагласува дека нема да избрзуваат со купување нови имиња колку да се пополни бројката за натпреварите со Работнички.

"Нереално е, и покрај тоа што нема да сметаме на голем број првотимци, сега набрзина да купуваме нови имиња чисто колку да се пополнува бројката за настапите во Лигата на Европа. Нема да избрзуваме со нови фудбалери за кои подоцна би се каеле. Против Работнички ќе играме со тоа што го имаме на располагање во моментов. Оние кои се физички и психички најподготвени", истакнува Хоџсон дополнувајќи дека славата во Лигата на Европа не е високо рангирана во неговите планови за 2010/2011.



Кој е Ливерпул? - Англиската гордост

Не треба нешто премногу да се претставува тимот на Ливерпул кој е убедливо најтрофејниот европски клуб кој било кога досега гостувал во Скопје. Фудбалската гордост на Англија досега има 18 титули во Премиер лигата, седум ФА Купови, седум Лига купови, пет титули европски шампион и трикратен победник на Купот на УЕФА, што е убедлив рекорд на Англија.



ЛИЧНА КАРТА НА ЛИВЕРПУЛ

Основан: 15 март 1892 (од Џон Холдинг)

Стадион: "Енфилд". Капацитет: 45.276

Сопственици: Том Хикс и Џорџ Жилет (САД)

Претседател: Мартин Брајтон

Менаџер: Рој Хоџсон

Трофеи: 18 (Премиер лига), 7 (ФА Куп), 7 (Лига Куп), 5 (Куп на шампиони, Лига на шампиони), 3 (Куп на УЕФА)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...