Распродадени билетите за натпреврот Работнички – Ливерпул

Фудбалската треска во пресрет на натпреварот Работнички – Ливерпул  е се посилна како се ближи почетокот на натпреварот, закажан за в четврток на Арената Филип Втори во Скопје (почеток 20:45 часот).

Побарувачката за билетите е огромна, а од канцеларијата на „романтичарите“ не информираа дека 15-те илјади билети кои беа пуштени во слободна продажба, веќе се распродадени.

Останатата бројка се билетите резервирани за фановите на англискиот гигант, како и за спонзорите и помагателите на нашиот претставник.

Тимот на Ливерпул се очекува во Скопје да допатува денес  по 12 часот, а попладнето половина час пред одржувањето на единствениот тренинг на Арената Филип Втори, закажан за 18 часот, ќе биде одржана и прес конференцијата.

Работнички пак својата средба со новинарите ќе ја имаат точно напладне во ресторанот „Македонска Софра“.

Инаку на денот на одигрување на натпреварот, в четврток вратите на Северната и Јужната трибина на Арената Филип Втори, ќе бидат отворени во 18 часот и 20 минути, а еден час пред почетокот на натпреварот односно во 19 часот и 45 минути, по препорака и инструкции на УЕФА ќе бидат затворени за влез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...