Дел од играчите не се подготвени

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз еден ден по одиграните 1:1 со Малта во Ла Валета изрази загриженост околу формата и подготвеноста на дел од играчите кои треба да го понесат главниот товар во квалификациите за Европското првенство 2012 година.

- Одигравме две различни полувремиња. Во првото доминиравме и пропуштивме неколку убави шанси да го решиме натпреварот. На почетокот на вториот дел се случи она од што најмногу се плашев, направивме грешка во одбраната и тоа резултираше со израмнување на резултат. Во тој дел од натпреварот ги одигравме најслабите 20 минути во сите овие контролни натпревари. Се створи конфузија во нашиот тим од која за среќа успеавме да излеземе и до крајот да заиграме на победа со неколку нововлезени играчи кои го забрзаа темпото. Она што ме загрижува во овој момент тоа е што добар дел од играчите се уште не се подготвени за стартот на новата сезона иако кај неколкумина, како Пандев на пример кој беше на турнеја во САД, се забележува голем замор, особено што натпреварот се одигра во тешки временски услови, топло време со голема влажност на воздухот, истакна Јонуз.

Сепак селекторот Мирсад Јонуз смета дека натпреварот со Малта може да биде корисен за стартот на квалификациите доколку се извлечат потребните поуки и навреме се реагира.

- Пред самиот натпревар одржавме неколку состаноци на кои се договоривме како да играме, но очигледно дека играчите барем против Малта играа далеку од договореното. Реално сите очекувавме победа и продолжување на успешната серија, но сепак можеби овој резултат дојде во вистинско време за да играчите сфатат дека местата не им се загарантирани во тимот, дека одговорноста е голема и во наредниот период да се обидат да ја поправат својата форма но и физичка подготвеност. Немаме веќе време за проверка на нови сили и експериментирање.

Во овој момент сум сигурен дека 2-3 играчи од оваа формација нема да бидат во списокот за Словачка кој ќе го објавам на 18 август, изјави македонскиот селектор во Виена пред тргнувањето за Скопје.

И најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев очекува многу подобра игра во квалификациите и подобрување на формата кај сите играчи.

- Одигравме натпревар во кој доминиравме во прво полувреме каде и покрај водството не искористивме уште две-три ситуации за гол, додека во второто полувреме Малта беше можеби подобар противник, постигна гол на самиот почеток и после тоа беше тешко да се пробие нивната одбрана. Овој период е многу незгоден за натпревари бидејќи сите играчи се во фаза на подготовки и кондицијата не е на највисоко ниво. Секако дека натпреварите со Словачка и Ерменија се друга приказна и тука ќе влеземе максимално подготвени да направиме добар резултат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...