"Македонија го има Пандев..."

За селекцијата на Словачка се некако е поврзано со нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев. Секогаш кога ќе бидат прашани за противникот, прво што им излегува од уста е "феноменот" од Интер. Така е и со фудбалерот на Бешикташ, Филип Холошко, кој напоменува дека добро ги познава квалитетите на Македонија, но и на Пандев кого го има гледано на ТВ екраните низ настапите за милански Интер со кој сезоната ја заврши со три титули, меѓу кои и онаа од Лигата на шампионите.

Токму Холошко се очекува да добие место во првиот тим, откако е познато дека од селекцијата на Словачка за мечот в петок отпаѓаат Роберт Витек и Станислав Шестак, двајцата први голгетери на нашиот следен противник.

"Знаеме што не чека, меѓутоа на Светското првенство покажавме дека сме квалитетна селекција и мораме да ја браниме честа. Се освен победа за нас би било катастрофа, иако треба да бидеме многу внимателни. Македонија го има Пандев. Квалитетен фудбалер, кој со само еден потег може да реши натпревар. Го гледам низ настапите во Интер, и навистина можам да кажам само пофални зборови. Но не само тој, Македонија има и други играчи кои сигурно дека ќе дадат се од себе да стигнат до поволен резултат. Ќе биде многу тешко. Ќе мораме сите да го дадеме максимумот, и со победа да ги отвориме квалификациите за Европското првенство на кое атакуваме на пласман на истото. По Македонија следува мечот со Русија. Навистина имаме тежок распоред, но што е тука е", напоменува членот на Бешикташ, Холошко, кој иако има само 26 години, веќе забележа 40 настапи за "А" селекцијата на Словачка, за која играше и на последниот Мундијал во Јужна Африка каде оваа селекција беше прогласена за најголемо изненадување елиминирајќи го светскиот шампион Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...