Холошко ни го "сруши" бункерот...

Македонската репрезентација неколку минути ја делеа од старт без пораз и убав бод на гостувањето во Словачка на почетокот од квалификациите за пласман на Европскиот шампионат 2012 во Полска и во Украина. Меѓутоа, на крајот дефанзивно ориентираната игра, дополнета со престрогото исклучување на Шиков, во последните секунди преку голот на Холошко ни открадна бод од Словачка.

И покрај тоа што македонскиот селектор Мирсад Јонуз најави дека нема ништо да се менува во нашата тактичка определба офанзивно да играме на секој натпревар, сепак вчера во Братислава на полупразниот "Пасиенки" игравме главно ориентирани да се зачува нашата мрежа а без премногу опасни моменти по противничкиот гол. Настапивме со Тричковски - Пандев - Наумоски како офанзивни имиња, но во формација 4-4-2 наспроти досегашната 4-3-3 на Јонуз, со главно дефанзивни задачи за Тричковски а Пандев и Наумоски осамени во нападот. И покрај тоа успешно париравме во првиот дел сосема неутрализирајќи ги Словаците не издржавме во финишот од вториот, кога и поради судиската очигледна грешка попуштивме под притисокот.

Низ максимално мирно прво полувреме во кое беа забележани само по еден удар на двете страни, нашата селекција комплетно ја неутрализираше играта на Словаците во нападот. Одлична одбрана играа момците во жолто, Новески, Шиков, Митрески и Попов потпомогнати од средниот ред, па и покрај тоа што домаќините целосно доминираа притиснувајќи не нашата половина не создадоа ните една посериозна шанса за 45. минути. Меѓутоа и нашиот напад сосема неактивен премногу далеку од голот на Јан Муха, благодарение и на тактичката поставеност во која во нападот Пандев и Наумоски немоќно осамени комбинираа против четворицата дефанзивци на Словачка.

Сепак, и покрај јаловата иницијатива на брзите домашни фудбалери, првиот конкретен удар го имавме токму ние преку Тричковски во 18. минута. Во меѓувреме, Словаците исфрустрирано во 30. минута бараа непостоечки пенал, за да конечно неутрализирани првиот удар кон нашиот гол го реализираат дури во 42. минута преку брзоногиот Мирослав Штох.

Во второто полувреме максимално агресивна игра на Словаците од самиот почеток. За разлика од првиот дел избраниците на Владимир Вајс редеа шанси пред нашиот гол, меѓутоа главно без посериозен удар кон голот на Нурединоски. Извонредната игра по десната страна на Штох, посебно со уфрлањето и на Јендришек во нападот, постојано создаваше пресија пред голот на Нурединоски, но Хамшик, Штрба и Холошко не умееја да реализираат. Наспроти тоа нашите момци ориентирани единствено на контра напади имаа можност први да го отвориме резултатот, но Муха го одбрани убавиот удар на Пандев во 71. минута за да потоа во 76. минута и Георгиевски во мешаницата пред голот на Словаците шутираше покрај голот. На спротивната страна Нурединоски спаси одличен обид на Штох, а Хамшик во 78. минута пропушти идеална шанса за водство.

И кога се чинеше дека дуелот привршува кон реми за задоволство за нас, во 86. минута се случи клучниот момент во кој главниот судија Чиркета од Швајцарија одлучи, во голема мера смешно да го исклучи Шиков. Деконцентрацијата во нашите редови по тој момент донесе уште посилен атак кон македонската мрежа која ја круниса Холошко во 91. минута.

Факт е дека нашите национали беа многу блиску до реми со големиот фаворит на стартот од евро-квалификациите... Објективно погледнато можеби и го заслуживме тоа, но факт е дека изостана храброста во играта со наша мисла единствено кон посакувано реми и покрај тоа што со посмело тактичко отворање можевме и да ги казниме очигледно "ранливите" Словаци на домашен терен. За македонската селекција, како и да е, останува веднаш да се заборави овој дуел пред долгите квалификации и очекуваната победа над Ерменија за три дена во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...