Мурињо и Гвардиола се "скараа" за Златната топка

За време на тренерскиот семинар во швајцарскиот Нион во четвртокот тренерите на Барселона и Реал Мадрид Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо влегле во вербална расправија околу тоа кој би требало да ја добие Златната топка за најдобар играч оваа година. Моментално ова одличје го носи Лионел Меси меѓутоа неговиот наследник најверојатно ќе се бара меѓу фудбалерите на Барса Андрес Иниеста и Чави како и плејмејкерот на Интер Весли Снајдер. Токму тука двата тренери се "фатиле за гуша".

"Има многу фудбалери кои ја заслужуваат наградата, а доколку морам да одберам тогаш мојот глас го давам за Андрес Иниеста", рекол Гвардиола.

На тоа реагирал Жозе кој рекол дека има само еден кандидат кој е вреден да ја понесе титулата, а тоа е фудбалерот на Интер Весли Снајдер.

"Нема шанси Иниеста да ја добие наградата. Попрво би му ја дал на Весли Снајдер отколку на шпанскиот фудбалер. Не велам дека е подобар, меѓутоа Снајдер играше во финалето од Лигата на шампионите каде се закити со трофејот, одигра фантастична сезона во Интер потоа успешно се претстави на Светското првенство во Јужна Африка додека пак Иниеста поголем дел од сезоната беше повреден. На второто место би го сместил Чави, па дури потоа Иниеста", изјави Мурињо.

Ова е вторпат во серија како португалскиот стратег се обидува да го испровоцира својот колега. Пред еден ден изјави дека Гвардиола згрешил што го пуштил Ибрахимовиќ во Милан за ефтини пари меѓутоа стратегот на Барса одлучи да не подлегнува на неговите провокации.

Но затоа, пак, каталонските медиуми му објавија војна на Мурињо. По неговите изјави околу трансфер политиката на Барселона на интернет страницата на Спорт осамна наслов "Мурињо, зошто едноставно не замолкнеш?" нарекувајќи го Португалецот "Каталонски непријател број 1".

Спортскиот колумнист Хозеп Фонаљерас го посоветува Гвардиола да си ја гледа својата работа и да не паѓа во "замката" на Мурињо која ја применува насекаде каде што е тренер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...