Кака од јануари во Интер!?

По релативно мирното лето, италијанскиот и европскиот првак Интер во јануарскиот преоден рок планира трансфер бомба, купување на ѕвездата на Реал Рикардо Кака. Според тврдењата на италијанскиот Кориере дело Спорт, претседателот Масимо Морати наводно го подготвува теренот за преговори во ноември, а мотив повеќе за реализација на овој трансфер е да го возврати ударот на Милан, кој ова лето го донесе нивниот поранешен играч Златан Ибрахимовиќ.

Италијанскиот весник наведува дека Морати веќе разговарал со тренерот на Реал Жозе Мурињо и добил уверување дека трансферот би можел да биде реализиран во јануарскиот преоден рок. Изданието тврди дека договорот би бил сличен на оној на Ибрахимовиќ, при што "нероазурите" би го позајмиле до крајот на сезоната, а потоа би платиле 24 милиони евра за играчот кој Реал го донесе од Милан за 68.5 милиони минатото лето. Италијанците ќе ги направат првите обиди во ноември кога Реал Мадрид ќе гостува на Сан Сиро против Милан во рамките од Лигата на шампионите.

Кака моментално се опоравува од операција на коленото, а медиумите во Шпанија соопштуваат дека со оглед на брзината на неговата рехабилитација и враќање на препознатливата форма, новите засилувања Месут Озил и Серхио Каналес ќе добијат предност во првиот тим на "Кралевите". Па Бразилецот би можел да биде продаден или евентуално позајмен до крајот на сезоната на Џузепе Меаца.

Се шпекулира дека во трката по Кака е вклучен и Челзи, но ако лондонскиот клуб се реши веднаш да ја плати отштета тогаш Интер би останал со "празни раце".

Милан во претходните години донесуваше поранешни фудбалери на Интер, како Кристијан Виери, Роналдо и Златан Ибрахимовиќ, а сега нивниот ривал посакува да им се реваншира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...