Иако веќе еднаш го смири Сер Алекс Фергусон со зборовите да "се опушти", бидејќи нема намера да му го одземе Вејн Руни, се чини дека токму по тој напаѓач следната година би можел да посегне тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.
Тоа го тврдат англиските медиуми во кои се наведува дека Мурињо е 'подданик' на игрите на англискиот фудбалски репрезентативец, со кого би сакал да го засили својот напаѓачки ред, доколку Руни одлучи да ја напушти татковината, каде го притискаат медиумите поради љубовната афера.
Наводно за таа можност претседателот на Реал, Флорентино Перез веќе подготвил понуда од 65 милиони фунти која би требало да ја "скрши" управата на Манчестер Јунајтед.
"Трансферот на Руни не е невозможен. На еднаков начин се гледаше на можната преселба на Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо од Манчестер во Реал, двајцата стигнаа на 'Бернабеу'." - цитиран е неименуван извор од Шпанија.