НОВОТО ИЗДАНИЕ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ПОЧНА СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Интер со реми ја почна одбраната на титулата

Актуелниот европски првак Интер стартуваше со неочекувано реми на гостувањето кај Твенте. "Нероазурите" го отворија резултатот во дуелот со шампионот на Холандија, но потоа дојдоа во ситуација да се спасуваат затоа што Милито место во противничката, прецизно шутираше во сопствената мрежа. Интер уште во првиот меч од Лигата на шампионите прими два гола, нешто што се случуваше многу ретко минатата сезона кога на клупата на овој тим беше Жозе Мурињо. Радува тоа што македонскиот репрезентативец Горан Пандев го почна новото издание со асистенција за гол откако му ја намести топката на Самуел Ето при израмнувањето на резултатот во 41. минута.

Изненадување имаше и на Олд Трафорд каде Манчестер Јунајтед не успеа да го скрши отпорот на Ренџерс и со реми ја почна фазата по групи. Повторно во центарот на вниманието беше Вејн Руни кој го одигра првиот натпревар на Олд Трафорд по секс-скандалот откриен минатата недела. Напаѓачот на Јунајтед и англиската репрезентација, сепак, не беше на очекуваното ниво и освен неколку безопасни обиди, беше речиси незабележлив на теренот. Ренџерс можеше да ја казни јаловата иницијатива на домашниот тим, но Папац на почетокот на вториот дел ја пропушти најголемата шанса.

Најубедлива во ова коло беше Барселона која, според многумина, е прв фаворит за освојување на шампионската титула. Откако Панатинаикос поведе на Ноу Камп и најави слично сценарио за Барса како во саботата против Херкулес, тандемот Меси-Виља ги презеде работите во свои раце. Аргентинецот постигна два, а Шпанецот еден гол за Барселона уште во првото полувреме да ја заврши работата. Педро и Алвес во вториот дел само се погрижија за комплетен впечаток.

УЕФА го зголеми наградниот фонд

Повеќе од 750 милиони евра ќе поделат учесниците во Лигата на шампионите оваа сезона што е рекорден буџет во елитното европско натпреварување. Наградниот фонт е зголемен за нешто помалку од 10%.

Секоја од 32. екипи кои изборија пласман во фазата по групи ќе заработат по 3,9 милиони евра само за партиципацијата во Лигата на шампионите (100 илјади повеќе од минатата сезона) и по 550 илјади за секој одигран натпревар. Поедноставено, секоја екипа која ќе игра во есенската фаза од ова натпреварување има загарантирани 7,2 милиони евра за настапот дури и ако заврши со шест порази.

Дополнително, секоја остварена победа во групата носи по 800 илјади евра, а секое реми 400 илјади. Пласманот во осминафиналето носи три милиони евра, во четвртфиналето 3,3 милиони, во полуфиналето 4,2 милиони (зголемување за 200 илјади), а во финалето 5,6 милиони евра (зголемување за 400 илјади).

Победникот на годинешното издание во Лигата на шампионите ќе заработи дополнителни девет милиони евра. Секоја од 20. екипи кои настапија во последната квалификациска рунда од Лигата на шампионите веќе доби 2,1 милиони евра.

Барселона фаворит на букмејкерите

Трократниот европски првак Барселона е фаворит за титулата во Лигата на шампионите оваа сезона. "Каталонците" се број 1 затоа што во 2009 година го освоија големиот пехар, а лани испаднаа дури во полуфиналето и тоа од Интер кој подоцна стана шампион.

За титула на Барселона најголемиот дел од европските обложувалници даваат коефициент 3,5. На второто место е Реал Мадрид со 6, а трет е Челзи со 8 иако "сините" имаат максимални четири победи на стартот од англиското првенство со гол-разлика 17:1.

Интересно е тоа што никој во Европа не го става актуелниот првак Интер меѓу фаворитите за трофејот. Само Б.вин го вметна меѓу првите пет, но за титула на "нероазурите" има коефициент меѓу 12 и 13.

Најголеми фаворит за најдобар стрелец во Лигата на шампионите се Лионел Меси и Давид Виља, двајцата од Барселона. Меси брка и историски рекорд: трета сезона по ред како прв стрелец во ова натпреварување.

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А
-ВЕРДЕР - ТОТЕНХЕМ 2:2 (1:2)
-ТВЕНТЕ - ИНТЕР 2:2 (2:2)

ГРУПА Б
-ЛИОН - ШАЛКЕ 1:0 (1:0)
-БЕНФИКА - ХАПОЕЛ ТА 2:0 (1:0)

ГРУПА Ц
-МАНЧЕСТЕР Ј. - РЕНЏЕРС 0:0
-БУРСА - ВАЛЕНСИЈА 0:4 (0:2)

ГРУПА Д
-БАРСЕЛОНА - ПАНАТИНАИКОС 5:1 (3:1)
-КОПЕНХАГЕН - РУБИН 1:0 (0:0)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...