Пандев има само лесна повреда

Сите оние што го гледаа преносот Твенте - Интер остана без здив во 60. минута кога се повреди Горан Пандев. Нашиот најдобар фудбалер доби незгоден удар по кој мораше да го напушти натпреварот. Фудбалерот на носила беше изнесен од теренот, а со рацете на лицето Пандев покажа дека болката е голема. Сепак, по преспиената ноќ и по првата лекарска помош вестите од Милано се добри. Нашиот најдобар фудбалер нема сериозна повреда. Тоа го констатирале клупските лекари кои на конечна дијагноза чекаа доцна синоќа до кога траеја снимките врз коленото на левата нога. Фудбалерот цел ден беше недостапен за коментар па така од неговиот татко ги добивме информациите од прва рака за видот на повредата.

"Се чув со Горан околу 10 часот. Ме израдува кога кажа дека повредата не е сериозна. Нема оток, нема болки и се надева на брзо враќање на теренот. Сепак, станува збор за лош удар во левата нога по што лекарите синоќа ги очекува снимките од магнетната резонанса", беше коментарот на Ристо Пандев, таткото на нашиот најдобар фудбалер.

Пандев на повреда се пожали и за време на квалификацискиот дуел со Ерменија кога настрада неговиот мускул. Беше на клупата на првенствениот меч со Удинезе за да се врати во првиот тим на завчерашниот меч против Твенте во 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Тој имаше удел при голот на Ето за 2:2 кон крајот на првиот дел а до 60. минута нашиот фудбалер не се најде во прилика за гол.

Во текот на вчерашниот ден медиумите во Италија беа сиромашни со вести околу повредата на Пандев. Ги очекуваа снимките и крајниот став на лекарите на Интер, а во меѓувреме единствениот кој коментираше за Пандев беше тренерот Рафаел Бенитез.

"На прв поглед помисливме дека станува збор за тешка повреда. Сепак, првичниот став на лекарите е дека Пандев нема долго да паузира. Се надеваме на најдоброто иако се уште сме во очекување на конечната одлука за висот на повредата", рече Бенитез, кој со голема неизвесност чека на веста околу повредата на Пандев затоа што токму нападот на неговиот тим би можел да биде во криза доколку Пандев би бил во аут за следните дуели. Ето и Милито би немале конкуренција затоа што Интер нема џокер на клупата со кој би се надополнила повреда на некој од трите напаѓачи кои често се во стартниот состав затоа што младиот Биабиани го нема потребното искуство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...