Не се повлекувам од репрезентацијата

Горан Пандев, капитенот на македонската фудбалска репрезентација и играч на Интер соопшти дека и натаму останува дел од репрезентацијата и по заздравувањето од повредата ќе се стави на располагање на селекторот Мирсад Јонуз.

Коментирајќи ги информациите објавени во печатот за наводно откажување, тој за веб страницата на ФФМ, потврди дека разговарал со новинарите, но единствено на тема однесувањето на дел од навивачите и нивниот навредлив однос кон фудбалерите и кон него во моментите кога националниот тим пројавува криза во играта, за што вели ќе бара работите да се променат.

- Репрезентативниот дрес е светост и за мене, а верувам и за моите колеги и секогаш со гордост настапувам за Македонија. Репрезентацијата мора да биде почитувана и од навивачите. Од настапите во репрезентацијата ќе се откажам само кога кариерата ќе ми биде во залез или пак под притисок на повредите, изјави Пандев.

Македонскиот интернационалец, слично како и селекторот побара трпеливост од јавноста и публиката за постигнување подобри резултати.

- Во овој квалификациски циклус сите фудбалерите, стручниот штаб, и раководството на ФФМ влеговме со големи амбиции кои тврдам дека беа реални, а тоа е да го поправиме пласманот во однос на претходните квалификациски циклуси и воедно да ги нападнеме првите две места во групата. Морам да кажам дека атмосферата во националниот тим беше и е извонредна. Навистина имаме извонредни услови за подготовки, репрезентативно сместување, професионален однос од генералниот секретаријат и федерацијата во целост. Задоволен сум и од работата на стручниот штаб и токму затоа ние репрезентативците на состанокот на Малта одлучивме да се откажеме од премиите за победи, туку се договоривме да биде валоризиран само вистинскиот успех, односно освојување на едно од првите две места што федерацијата го прифати, нагласува Пандев.

Тој причината за ваквиот тек околу репрезентацијата ја гледа во, како што рече, трагичниот пораз во Братислава кој оставил траги врз играта на репрезентативците и тие паднале психолошки, а тоа се почувствувало и на средбата со Ерменија.

Пандев посакува и се надева дека со оваа генерација на фудбалери да настапи за Македонија на едно големо натпреварување како што е следното Европско првенство во 2012.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...