Јувентус го капарисал Џеко за во јуни!?

Управата на Јувентус веќе го капарисала репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко и тој ќе го облече црно-белиот дрес во јуни кога ќе заврши актуелната сезона, тврди италијанскиот спортски дневник Кориере дело спорт. Имено, Џеко е дел од тројниот договор меѓу торинскиот клуб и Волфсбург, а само неговиот трансфер во Италија ќе изнесува околу 30 милиони евра.

Волфсбург за десет милиони веќе го донесе Диего во летниот преоден рок, а во јануари или јуни во Германија за истата сума ќе пристигне и Мохамед Сисоко. Така, Јувентус место 30 милиони евра, Џеко ќе го добие само за десет милиони и остатокот од тие пари ќе го уплати на крајот од сезоната. Кога оваа работа ќе се финализира, Волфсбург ќе се сврти кон Макси Лопез од Катанија за кого се верува дека може достојно да го замени искусниот босански напаѓач.

Газета дело спорт на оваа тема додава дека челниците на Јувентус последните недели размислувале дали да го купат Џеко или Карим Бензема од Реал Мадрид. Како што е познато, Французинот нема голема минутажа во својот тим, а и не е во добри односи со Жозе Мурињо, кој не е задоволен од неговата работна етика. Не е тајна дека Реал одлучи да го задржи Бензема во текот на летото само поради недостигот од адекватна замена во нападот, но тоа ќе се повтори и во јануари ако Флорентино Перез повторно го одбие Мурињо во барањето да му се донесе квалитетен напаѓач.

Токму тоа била причината Јувентус да се сврти кон Џеко. Раководството на торинскиот клуб не можело да ризикува да чека до јануари за да дознае дали Бензема ќе биде на продажба, па одлучило уште сега да ја заврши работата. Единствениот проблем е тоа што Џеко ќе дојде дури за идната сезона, додека Бензема можеше да се приклучи на "бјанконерите" уште во јануарскиот преоден рок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...