Интер виновен за лошата форма на Мајкон!?

Фудбалерот на Интер, Даглас Мајкон оваа сезона не игра како така добро како минатата и навивачите на актуелниот европски првак тоа веќе го забележаа. Никому не му е јасно што се случува со Бразилецот кој лани блескаше и беше еден од најдобрите во својата репрезентација на Светското првенство во Јужна Африка.

Како најверојатна причина за големиот пад на формата, фудбалските стручњаци го наведуваат отсуството на мотивација кај него предизвикано од неможноста да се оствари трансферот кај Жозе Мурињо во Реал Мадрид. Мајкон во јули и август беше убеден дека оваа сезона ќе ја помине во Шпанија и повеќепати зборуваше дека тоа е "готова работа". На крајот на излезе така, па менаџерот на Мајкон, Антонио Калиендо, за сето тоа го обвини раководството на Интер.

"Формата на Мајкон не е на очекуваното ниво и тоа сите го забележуваат. Тој е чувствителен, емотивен човек кој многу напредуваше во последните две години при што успеа да го најде патот до срцата на навивачите. Се изненадив како с$ се сврте. Имам впечаток дека нешто не чини кај Интер, мислам дека директорот на клубот знае малку повеќе од мене што се случува со Мајкон", изјави Калиендо.

Челниците на Интер по завршувањето на летниот преоден рок зборуваа дека најголема придобивка за екипата е тоа што Мајкон остана на Џузепе Меаца. Како што сега стојат работите, можеби подобро ќе беше да се продаде на Реал за сумата од 35 милиони евра, па тие пари потоа да се вложат во помлад бек кој ќе имаше можност да напредува во Интер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...