Малку претерав, премногу испив

Наводно, на сослушувањето Иван "Грозни" изјавил дека дивеењето не е вперено против Италија, туку против репрезентацијата на Србија и дека претерал поради дејството на алкохолот. Додал дека е националиста како и сите Срби. Пресудата се очекува за утре, можната казна затвор од две години и протерување од Италија.

Водачот на хулиганите, Иван Б., како што јавуваат италијанските медиуми рекол дека се што се случило во Џенова нема никаква врска со Италија.

"Немам ништо против Италија, се е насочено кон селекцијата на Србија." - рекол уапсениот хулиган пред Судот.

Тој додал дека е српски националиста како и сите Срби.

"Не сум Арканов тигар, признавам дека малку претерав, бидејќи премногу испив." - рекол Иван Б.

Како што пишуваат белградските медиуми, учествувал во палењето на американската амбасада, кривично е обвинет за насилство, напад врз службени лица, поседување наркотични средства, а учествувал и во демонстрациите на 5. октомври кога е срушен режимот во Србија.

Член е на групата "Белградски момци", која е на списокот за забрана кој е поднесен пред Уставниот суд на Србија.

Процесот веднаш ќе биде завршен, утре ќе биде објавена пресудата. Како што пренесуваат италијанските медиуми, постои можност за спогодба, според која Иван Б. би добил две години затвор и би бил протеран од Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...