Тотенхем брка изненадување кај Интер

Вечерва, на Џузепе Меаца ќе се сретнат двете непоразени екипи во групата А, актуелниот шампион Интер и англискиот премиерлигаш Тотенхем. Двата противника имаат по четири поени, а Интер е за еден гол подобар од Англичаните.

"Нероазурите" низ историјата ги одмериле силите со многу англиски клубови, меѓутоа никогаш не одиграле со Тотенхем. Меѓутоа, нивниот тренер Рафа Бенитез добро го познава лондонскиот клуб бидејќи претходно неколкупати се има сретнато со нив додека работеше во Англија па сигурно искуството ќе им го пренесе и на своите фудбалери.

Интер добро граби во првенството и моментално го дели второто место со ривалот Милан, а тимот има само еден пораз, оној несреќниот од Рома минатиот месец. Екипата се соочува со голем број отсутни фудбалери поради повреди, посебно клучните во нападот Диего Милито и Горан Пандев, како и од средината на теренот Естебан Камбијасо и Тиаго Мота, меѓутоа реди победи благодарение на Самуел Ето, кој се наоѓа во одлична форма. Токму Камерунецот се покажа како фудбалер околу кој се се врти оваа сезона, а неговите 12 погодоци на 11 натпревари во сите конкуренции го потврдуваат тоа. Освен тоа Интер нема победено, дури ни постигнато гол, кога камерунскиот напаѓач не успеал да се запише меѓу стрелците. Иако Бенитез тврдеше дека победите се благодарение на колективната игра факт е дека без Ето на Интер тешко му оди.

Токму Ето повторно ќе го предводи нападот на екипата на овој натпревар со Тотенхем, а како евентуална поддршка во нападот може да му биде младиот Коутињо.

"Очекуван натпревар против ментално цврст противник, кој игра напаѓачки и е добар во контранапад. Затоа ќе треба да играме многу добро доколку сакаме да победиме. Иако имаме неколку повредени фудбалери од оние што ќе се појават на теренот очекувам да одиграат концентрирано и цврсто, особено во дефанзивата", изјави Бенитез.

Фудбалерите на Тотенхем изненадија со ефикасната игра по првите две кола во Лигата на шампионите што потврдува дека тимот настапува без страв и секогаш оди на гол повеќе. Како потсетување со Вердер одиграа 2:2, потоа го декласира Твенте со 4:1, а претходно во плеј-офот одигра ефикасно со Јанг Бојс. "Спарси" исто како и Интер се соочуваат со голем број повредени и суспендирани фудбалери. Вилијам Галас, Вилсон Паласиос, Мајкл Доусон, Џермејн Дефо и Џејми О'Хара се уште се надвор од стројот, а во Милано не отпатува суспендираниот Рафаел ван дер Варт. Меѓутоа, и покрај тоа менаџерот Хари Реднап има голем број фудбалери кои можат да го покријат нивното отсуство и ветија дека ќе сторат се да изненадат во Милано вечерва.

"Не не загрижува фактот што противникот е шампион и што има преголемо искуство во Лигата на шампионите за разлика од нас. За да дојдеме до победата мораме да веруваме во себе, доколку однапред се предадеме тогаш не заслужуваме да играме во елитата. Мислам дека имаме доволно квалитети да го напуштиме Џузепе Меаца како херои", изјави голманот на "Спарси", Урељо Гомез.

Ренџерс ќе се обиде да го поправи лошиот ефект во дуелите со Валенсија. На досегашните четири меѓусебни натпревари Шкотите имаат три порази (два на Ајброкс), а само еднаш извлекле реми. Освен тоа ова за нив е клучен меч за втората позиција која води во следната рунда бидејќи со евентуален неуспех ќе биде многу тешко да надоместат бодови на реваншот во Шпанија. Од друга страна Валенсија беше разочарана кога минатото коло несреќно загуби од Јунајтед на домашен терен и се доведе во ситуација да брка бодови на гости кај претендентите за пласман во следната рунда. Освен тоа неделава го загуби лидерското место во Примера и емотивно ранета патува во Глазгов.

Ефикасен и отворен фудбал се очекува на Жерлан каде Лион ќе ја нагости Бенфика. Иако досега не се сретнале меѓу себе нивниот стил на игра е многу сличен и ретко играат без голови. "Лавовите" засега имаат максимален ефект во елитното натпреварување, додека Бенфика ја дели втората позиција со Шалке.

Интересно, Лион не поминувал добро кога играл со португалски противници. На досегашните пет натпревари пред своја публика забележал само една победа (1:0 над Фаренсе во Купот на УЕФА 1996 година), двапати ремизирал и двапати бил поразен.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

-Интер се наоѓа во серија од пет победи на домашен терен.

-Ако се сметаат и квалификациските дуели против Јанг Бојс, Тотенхем сезонава постигна 12 гола во Лигата на шампионите.

-Твенте има можност за одмазда бидејќи минатата сезона доживеа елиминација од Вердер во 1/16-финалето од Лигата на Европа.

-Твенте има само еден пораз на домашен терен во последните седум натпревари во европските купови.

-Вердер нема победа на гости во Лигата на шампионите од 31 октомври 2006 година кога го совлада Левски во Софија со 3:0.

-Шалке првпат во својата историја се среќава со тим од Израел.

-Во минатогодишното издание од Лигата на Европа, Хапоел Тел Авив загуби на три од четирите гостувања, а го победи само Рапид со 3:0.

-Лион ја игра 11. сезона по ред во Лигата на шампионите и ја поминал фазата по групи во последните седум изданија.

-Минатата сезона Лион имаше серија од шест натпревари без пораз на домашен терен пред Баерн да слави на Жерлан во полуфиналето.

-Бенфика има добри сеќавања од Франција бидејќи минатата сезона го совлада Марсеј на Велодром со 3:2 во осминафиналето од Лигата на Европа.

-Валенсија под водство на Унаи Емери имаше импресивен скор на гостувањата во ланското издание од Лигата на Европа. Доживеа само еден пораз на седумте натпревари, а таа серија продолжи и со победата против Бурса во првото коло.

-Манчестер Јунајтед нема добри сеќавања од дуелите со турските екипи. Лани на Олд Трафорд загуби од Бешикташ и ја прекина серијата од 24 натпревари без пораз на својот стадион која траеше четири години.

-Бурса досега само еднаш играла против англиска екипа и тоа во 1995 година со Вимблдон во Интер-тото купот.

-Панатинаикос победи само два од последните осум натпревари на домашен терен во Лигата на шампионите.

-Рубин досега има само една победа во Лигата на шампионите и тоа против Барселона на Ноу Камп во ланското издание.

КУРИОЗИТЕТ

За време на шестгодишниот престој во Ливерпул (2004-2010) Рафа Бенитез се сретна со Хари Реднап на 13 натпревари. Првпото нивно соочување беше кога Реднап на чело на Саутемптон загуби од Ливерпул на Енфилд (1:0), но затоа на вториот натпревар беше поуспешен со 2:0. Бенитез беше подобар од Реднап кога Англичанецот беше тренер на Портсмаут. Неговиот Ливерпул победи на три меча, еден загуби, а двапати ремизираше. Но затоа Реднап се реваншира како предводник на Тотенхем. Ги предводеше "Спарси" на три домашни победи против "Црвените" на Бенитез, а загуби двапати на Енфилд. Бенитез оваа сезона се пресели во Интер и за првпат како тренер на друга екипа ќе се сретне со својот стар познаник од Премиер-лигата.

ЈУБИЛЕЈ

Напаѓачот на Рубин Обафеми Мартинс против Панатинаикос ќе го одбележи 50. настап во европските купови. Популарниот "Оба-Оба" својот прв натпревар во евро-куповите го направи во дресот на Интер на 26 февруари 2003 година на дуелот со Барселона (0:0), додека првиот гол го постигна истата година на 19 март при победата над Баер Леверкузен од 2:0. Во Лигата на шампионите настапи на 31 натпревар, а постигна девет погодоци. Од вкупно 49 натпревари во УЕФА натпреварувањата има дадено 19 гола. 25-годишниот Нигериец од Волфсбург во јули оваа година се пресели во Рубин и досега настапи на двата натпревари во групата од ЛШ, но не се запиша во листата на стрелците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...