Интер испушти убедлива победа

Актуелниот европски првак Интер се зацврсти на првата позиција на табелата откако синоќа на својот стадион во исклучително ефикасен и атрактивен натпревар го совлада Тотенхем со 4:3. Триумфот на "нероазурите" требаше и мораше да биде поубедлив затоа што нивното водство на полувреме изнесуваше дури четири разлика (4:0), но фудбалерите на Бенитез дозволија голем пад во играта во вториот дел кој резултираше со мини-пресврт, па Тотенхем во самиот финиш се понадева дека ќе дојде дури и до бод. Повторно главна фигура на теренот беше Самуел Ето кој повторно постигна два гола и сега со вкупно шест е убедливо на првото место на листата на стрелците во Лигата на шампионите. Во финишот приматот се обиде да му го преземе Герет Бејл кој во вториот дел стигна до хет-трик, но со оглед на победата на Интер, сите честитки одат на сметка на камерунскиот репрезентативец.

Барселона успеа да си го врати првото место на табелата во својата група откако пред своите гледачи го совлада Копенхаген со 2:0. Победата можеше да биде поубедлива, но Виља уште еднаш потврди дека се наоѓа во голгетерска криза, па ситуацијата мораше да ја спасува Лионел Меси. Аргентинецот постигна два прекрасни гола и Барселона сега повторно е на чело на табелата пред Копенхаген каде гостува за две недели.

За одбележување од вчерашните натпревари се двата гола на Раул Гонзалез кои придонесоа за победата на Шалке над Хапоел, а шпанскиот интернационалец конечно ја покажа својата класа и во новиот тим и сега со 68 гола се зацврсти на првото место на вечната листа на стрелци во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...