Тотенхем во нов обид за Пандев

Тимот од Лондон подготвен да му плати 6.000.000 евра годишна плата на најдобриот фудбалер на Македонија или двојно повеќе од парите кои ги заработува во Интер

Хери Реднап, менаџерот на Тотенхем, не се откажува од желбата - Горан Пандев. Лондонскиот клуб планира во зимскиот преоден рок уште еднаш да се обиде во своите редови да го ангажира фудбалерот на Интер. Англичаните се подготвени да му платат двојно повеќе пари на Пандев од сегашните 3.000.000 евра кои струмичанецот ги добива само како годишна плата во тимот од Милано. Според познатата ТВ станица "Скај Италија" шансите Пандев да замине од "Сан Сиро" се мали иако во јануари тој има право да замени во друга средина со оглед на тоа дека ќе помине една година од неговиот договор со Интер кој има важност со 2015 година.

Тотенхем уште во периодот кога постоеше спор помеѓу Пандев и Лацио се обидуваше да го добие потписот на фудбалерот кој одлучи да остане во Италија и не згреши затоа што со Интер освои се што можеше да се освои на клупски план во минатата сезона.

Најавите за можно заминување во Тотенхем се вообичаена работа за Пандев во овој период од годината кога речиси за сите играчи на Интер постојат многу комбинации но само времето ќе покаже кој и кога ќе замине.

"Добро ми е во Интер и не размислувам да си одам", постојано коментира Пандев по речиси сите шпекулации за негово заминување од "Џузепе Меаца".

Пред една година Тотенхем беше подготвен на Пандев да му даде плата од 4.000.000 евра и да плати отштета од 12.000.000 евра на Лацио. Сепак, главната битка ја водеше Интер, кој годинава на 4 јануари успеа да го доведе нашиот репрезентативец и тоа како слободен играч. Затоа во моментов не се ни знае сумата која Интер ја бара како отштета за Пандев. Истата сигурно не е под 15.000.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...