Пандев со посебен режим

Рафа Бенитез го врати Горан Пандев во тимот на Интер. Повредата на коленото се уште не е комплетно санирана, но лекарските експерти дозволија фудбалерот да биде во комбинација, и пред секоја средба за струмичанецот ќе има посебен третман. Постоело кинење на лигамент на левото колено, но место пауза од 6 недели нашиот најдобар фудбалер за 3 недели се врати во натпреварувачки ритам.

Информациите од Интер говорат дека Пандев ќе биде во комбинација и за следните дуели и дека неговото колено било супер по дуелот со Тотенхем во средата. Пандев на оваа средба од Лигата на шампионите настапи од 61. минута и не се најде во можност да постигне гол. Тимот од Милано стигна до триумф од 4:3 со што продолжува успешно да ја брани титулата во ова натпреварување.

Горан Пандев и Интер в недела на свој терен ќе се судрат со Сампдорија во дербито на колото во Серија А и на оваа средба можно е Македонецот да биде пуштен во игра од првата минута. Со посебен третман и со натпревари лекарите на Интер го враќаат во форма Пандев за кој пред два дена излезе и веста дека е повторно во мислите на Тотенхем. Англичаните нема да жалат пари за фудбалерот на Интер, кој, пак, не размислува да со оди од Милано. Таму веќе купува сопствен стан и со тоа става до знаење дека неговите планови се врзани со Интер со кој има договор до 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...