Пато и Инзаги го пропуштаат Интер

Напаѓачите на Милан Алесандре Пато и Филипо Инзаги ќе го пропуштат градското дерби против шампионот Интер овој викенд поради повреди заработени при победата од 3:1 над Палермо во средата. Бразилецот кој воедно беше стрелец на првиот гол го истегна мускулот на ногата, а Италијанецот го повреди коленото. Тестовите извршени вчера покажаа дека не само што ќе го пропуштат дербито туку ќе отсуствуваат и на следниот натпревар против Фиорентина. Тоа значи дека двајцата нема да се појават на терените барем до 20 ноември, што е голем пех за новиот лидер во Калчото. Освен тоа Пато ќе го пропушти и пријателскиот натпревар на Бразил со Аргентина на 17 ноември во Доха.

"Не очекува големо дерби, а двајца напаѓачи ни се повредија. Се надевам дека останатите ќе бидат фит и не ќе морам да го 'крпам' тимот на еден ваков важен меч. Пато има проблеми со мускулот, а Инзаги со коленото. Не се работи за сериозни повреди, меѓутоа ќе мора да внимаваме на нивната состојба", изјави Алегри.

Тоа значи дека за Милан на дербито во тандем ќе настапат Златан Ибрахимовиќ и Робињо, а од позадина ќе им помага Роналдињо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...