ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГИ ЗНААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА СЛАБАТА ФОРМА НА ИНТЕР

Годините, Мурињо, Рафа...

По двата порази во серија, но и пет меча без победа по ред, во италијанските медиуми се појавија многу интересни анализи во кои се бараат причините за слабите резултати на освојувачот на Серија "А" од последните години. Иако може да се набројат повеќе, сумирано е на 10 причини за најлошата сезона на Интер во Калчо.

СТАРЕЕЊЕ НА ЕКИПАТА

Една причина за неуспехот на екипата на Интер е во старосната граница. Пола од првата постава се играчи коишто веќе имаат над 30 години. Ето и Мајкон имаат 29 така што и тие се на прагот да се придружат во групата.

Возраста делува на играта, па сезонава се гледа опаѓање на формата на повеќето од ѕвездите на тимот. Најдобриот пример е Мајкон, кој важи како најдобриот лев бек во светот. Против Тотенхем беше посрамен од страна на Герет Бејл, и тоа на двата меча. Тука се и Милито и Киву, кои не можат да се препознаат во оваа сезона.

Место да научат нешто од грешките на Милан, соседите ги повторија. Кога во 2007 година Милан победи во Лигата на шампионите не го поднови тимот туку и следната сезона остана со ист состав, па не успеа да направи ништо во следниот шампионат. Дури не се ни квалификуваше за да игра во ЛШ.

СЕНКАТА НА МУРИЊО

Веројатно ќе се менуваат многу тренери во Интер во иднина, но Жозе Мурињо ќе остане засекогаш запишан како најдобриот стратег во историјата на клубот. Неговата харизма и личност се целосно заразни, а тој е многу ценет од сите играчи во клубот. Сликата на која Марко Матераци плаче во прегратката на Мурињо по финалето во ЛШ против Баерн најдобро говори колку фудбалерите го сакале својот тренер.

Повеќето од играчите се уште се приврзани кон "специјалниот". Неговата сенка се уште е присутна на Џузепе Меаца и го следи секој чекор на Бенитез. Шпанецот редовно го споредуваат во медиумите со неговиот претходник, но и постојано го распрашуваат за Мурињо на пресовите.

РАФА БЕНИТЕЗ

Дојде како замена за тренерот кој во моментов е број 1 во светот. Задачата не беше лесна, но јасно е дека Бенитез направи неколку ужасни грешки откако ја презеде тренерската функција. Тој е најодговорен за кризата во екипата бидејќи се обиде да искорени речиси се од она што го работеше Мурињо. Место постепено да ја наметне својата идеја тој наеднаш направи промени и целосно ја измени тактичката стратегија. Стави акцент на дефанзивата, па напаѓачите место кон противничкиот гол повеќе притискаат кон средината. Воедно имаше и многу грешни измени на досегашните средби, а многуте повреди одат исто така на негова душа.

МАМУРЛАК ОД СП 2010

Во текот на минатата сезона беа одиграни над 50 средби, а веднаш потоа следуваше Мундијалот кој ги исцрпи дополнително сите фудбалери. Интер имаше многу репрезентативци кои настапија на СП, а овој тим имаше повеќе фудбалери во Јужна Африка од Милан, Јувентус и Рома. Од сите коишто беа во ЈАР само Лусио и Ето играат во форма на повисоко ниво.

ЗАГУБЕНА МОТИВАЦИЈА

Ова се надоврзува на мамурлакот од Светското првенство. Кога еден играч има освоено се тогаш мотивацијата се јавува како проблем. Особено ова важи за играчите кои се ветерани и веќе се исцрпени. Природата го прави своето, па веќе не може да се очекува максимум на теренот бидејќи многу повеќе се чуваат и не играат со сите сили.

ЛОША ФОРМА

-24.10. Интер - Сампдорија 1:1

-29.10. Џенова - Интер 0:1

-02.11. Тотенхем - Интер 3:1

-06.11. Интер - Бреша 1:1

-10.11. Лече - Интер 1:1

-14.11. Интер - Милан 0:1

-21.11. Киево - Интер 2:1

МИЛИТО И СНАЈДЕР

Тие беа двајцата најдобри во екипата во минатата сезона. Имаа влијателна улога во тимот во освојувањето на тројната круна. Аргентинецот постигна поголем дел од решавачките голови, додека Снајдер беше главниот креатор на играта, но и прв асистент.

Сезонава Милито е премногу бавен, но и неефикасен. Досега има постигнато само три гола. Снајдер, исто така не е истиот како лани. Веќе ја нема креативноста на средина на теренот. Оттаму не чуди фактот што Интер досега имаат постигнато само 14 гола на 13 средби во Серија "А".

ПОВРЕДИ

Со доаѓањето на Бенитез дојдоа и зачестените повреди во екипата. Тој често падот во играта го бара во повредите, но на последните три средби имаше дури седум играчи од првата постава што не е така катастрофално како што тренерот се обидува да направи.

ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНЦИЈА

Интер доминираше во Серија "А" во периодот од 2006 до 2009 година, но тогаш Милан немаше доволно пари за да го засили тимот. Јуве се соочи со исфрлање во понизок ранг, па мораше да го реновира тимот додека да се врати на старите позиции. Веќе лани се забележа кревање на квалитетот на лигата, а годинава Серија А е далеку поквалитетна. Интер веќе нема лесни поени ни против Лече ни против Киево. Со директните ривали за титулата игра тешки средби што само покажува дека конкуренцијата е зголемена.

ЦИКЛУСИ

Ништо не трае вечно. Сите империи имаат свој почеток и свој крај. Веројатно циклусот на Интер со доминацијата во Серија А е пред крајот и сега следува период на некој друг тим како Милан или Јувентус. Со толку многу ѕвезди кои се над 30 години тешко дека може да се направи нешто повеќе, така што падот на Интер веројатно ќе продолжи и во текот на сезоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански...
1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше...
1939.- Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски...
1984.- Во Струга умре Владо Малески, македонски...