Ѕвездите на меѓусебна пресметка

ЛИОНЕЛ МЕСИ

Веќе трета сезона е лидер во играта на Барселона. Сите акции одат преку него и нормално на оваа средба се очекува да ја понесе Барса кон нова победа. Тој беше главен актер во победата на Барса минатиот викенд со 8:0 против Алмерија, а го постигна својот шести хет-трик во календарската година.

Сите што ги следат игрите на Барселона и на репрезентацијата на Аргентина добро знаат со какви квалитети располага Меси така што неговата одлична игра само им носи одлични резултати од меч во меч на Каталонците.

Дека се работи за играч кој знае да реши еден натпревар се виде и пред нешто повеќе од две недели кога Аргентина го совлада Бразил со неговиот гол.

Во последните две сезони Меси има резултат од 3:0 против Роналдо. Го совлада во финалето од ЛШ во 2009 година кога Кристијано играше за Манчестер. Потоа и лани беше подобар во Ел Класико кога Барса двапати победи со 1:0 и 2:0.

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Ова му е втора година во Реал Мадрид и негов трет настап на Ел Класико. На првите два меча не блескаше и во минатата сезона имаше неколку бледи игри.

Со доаѓањето на Мурињо почна да игра подобро и добива далеку поголема слобода. Сезонава е најефикасниот во Примера со 14 погодоци (еден гол не му го бројат бидејќи се смета како автогол). Минатата сабота и тој постигна хет-трик како одговор на постигнувањето на Меси, а на овој меч сите очекуваат дека тој ќе биде клучниот фудбалер за успехот на Реал Мадрид.

Годинава ги одигра сите средби за Реал Мадрид и речиси немаше одмор. Ги шутира сите слободни удари, пенали... Сепак, ова е прв потежок меч за Реал Мадрид сезонава бидејќи распоредот досега им беше таков што претежно играа со послаборангираните клубови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...