Барселона е среќна со изборот на судијата

Двобојот меѓу Барселона и Реал Мадрид најголемото дерби во шпанскиот фудбал, ќе го води 43-годишниот баскиски судија Едуардо Итуралде Гонзалез...

Во пресрет на "Класико", односно големото дерби во рамките од 13. коло во Примера на "Камп Ноу", тренерот на Реал Мадрид, Португалецот Жозе Мурињо изборот на судијата го прокоментирал во свој стил.

"Барселона секако може да биде среќна со изборот на судијата. Статистиката секако сугерира дека Барселона може да биде задоволна." - рекол Мурињо.

Имено, Гонзалес досега водеше два големи дерби дуели, 1999. и 2005. година. Двата ги доби Барселона.

Но, каталонскиот гигант редовно славеше и во изминатите две сезони, со други судии. Барселона во дербито влегува со четири во низа првенствени победи во минатите две сезони.

Реал моментално е водечки на табелата, со бод предност пред Барселона на второто место. ''Кралскиот клуб'' ги доби седумте последни натпревари во Примера, а Барселона е во низа од шест победи.

"Доколку играчите се занимаваат само со фудбал, Барселона и Реал имаат доволно квалитет за двобој кој ќе ги воодушеви повеќе од 90.000 гледачи на стадионот и милиони љубители на фудбалот кои дуелот ќе го следат на телевизија. Во прашање се двата тима кои конкурираат за најдобриот состав на светот." - додал Мурињо.

"Не сакам премногу да ја анализирам Барселона. Мене, како и секогаш, ме интересира својот тим. Сигурно дека нема да го менуваме нашиот стил на игра, само затоа што играме против Барселона. Ние сакаме да ги пронајдеме слабите точки во нивната игра и да ги искористиме како наша предност. Но, една работа е поважна од самиот меч. И да загубиме сакам мојот тим да ја задржи на подеднакво ниво вербата во своите можности, која пред дуелот е на највисоко ниво. Ако победиме, мора да останеме со двете нозе на земја. Според тоа, без оглед на резултатот, победа или пораз, сакам да не се случи никаква промена во само почитта во мојот тим" - заклучил Мурињо.

Што се однесува до новините од соблекувалната на Реал, аргентинскиот репрезентативен напаѓач Гонзало Игуаин и играчот за врска на Германија, Сами Кедира ги пребродија полесните повреди кои ги заработија минатиот викенд во дуелот против Атлетик Билбао 5-1, па Мурињо ги вклучи меѓу 20 фудбалери кои конкурираат за составот во двобојот против Барселона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...