Каталонска лекција по модерен фудбал

Фудбалерите на Барселона уште еднаш ја покажаа својата моќ и решеност да го сочуваат шампионскиот трофеј во Примера. Со атрактивна и допадлива игра надополнета со фантастични контранапади едноставно им одржаа лекција на колегите-ѕвезди од Реал Мадрид под водство на Жозе Мурињо. Озил, Бензема, Карваљо, Роналдо... не се видоа на мечот, а ни честите совети на Португалецот и разместување на играчите не вроди со плод. Реално гледано Барса изгледаше како да игра со некој просечен тим, а Меси, Виља, Чави и Иниеста царуваа на теренот излудувајќи ги противничките играчи кои беа за чекор побавни од нив.

Барселона за осум минути стигна до одлична предност од 2:0. Но да одиме со ред. Во петтата минута Меси со одличен лоб удар од косо од десната страна ја погоди гредата, меѓутоа четири минути подоцна му немаше спас на Реал. Иниеста се обиде од далечина, но топката дојде до Чави кој се ослободи од својот чувар Пепе и со лоб го совлада Касиљас. Веднаш потоа следеа две неискористени можности за Реал, па повторно блесок на Барса. По проигрувањето меѓу Чави и Виља, вториот шутираше од косо Касиљас кратко ја одби топката до Педро кој без проблем ја смести во мрежата. Тотален очај на фудбалерите на Реал Мадрид кој ескалираше со инцидент кој го предизвика нервозниот Роналдо туркајќи го Пеп Гвардиола покрај аут линијата. Тренерот на Барса прифати една топка која заврши во аут, а Роналдо му ја зеде насила и притоа го оттурна од себе. Следеше кошкање меѓу играчите кое за среќа не се претвори во нешто сериозно. До крајот на полувремето мрежите мируваа и се отиде на одмор.

Само што почна вториот дел Меси успеа да мине неколку противнички дефанзивци шутираше и ја погоди мрежата но од надворешната страна. Веќе во следната минута Аргентинецот со прекрасен пас го пронајде Давид Виља кој со десна нога го совлада Касиљас. Уште не седнаа навивачите на столчињата Меси одново прекрасно го проигра Виља кој лесно ја спроведе топката во мрежата за огромна предност од 4:0.

Во самиот финиш Кркиќ поведе акција од десната страна и се чинеше дека ќе ја загуби топката но тој ја упати по земја пред голот на Касиљас каде младиот Хефрен осамен ги постави конечните 5:0. Рамос грубо го фаулира Меси во 92. минута и заработи исклучување за комплетирање на срамниот впечаток на Реал.

Со трите бода Барселона го презема првото место со 34. поени или два повеќе од Реал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...