Валенсија во напад на Манчестер

Денеска се играат првите осум средби од последното 6. коло во фазата по групи. Први на терен се екипите од групите "А", "Б", "Ц" и "Д", каде што голем дел од работите се веќе решени. Остануваат уште малку дилеми чиј одговор ќе почне да се "одврзува" од 20:45 часот, а ќе биде дефинитивен нешто помалку од два часа подоцна.

ГРУПА "А"

Двете средби кои вечерва ќе се одиграат во Германија и во Холандија нема да донесат меѓусебна пресметка. Во оваа група останува само една непозната. До последен момент ќе биде непознато кој ќе заврши на првото место. Тотенхем и Интер се во трка за првото место во групата. Оној што ќе има подобро гостување, ќе се најде на лидерското место. Доколку и двете екипи постигнат еднаков резултат (освојат ист број на бодови) тогаш Тотенхем е во предност бидејќи има подобар меѓусебен дуел.

ГРУПА "Б"

И овде ситуацијата е речиси иста. Екипите на Шалке и Лион веќе се имаат пласирано во следната рунда од Лигата на шампионите. Неизвесноста е само во тоа кој од овие тимови ќе заврши на првата позиција и ќе се најде меѓу носителите при ждрепката.

Затоа, пак, тука ќе биде многу интересно околу прашањето кој ќе продолжи во Лига Европа. Бенфика е во предност од два бода во однос на Хапоел. Сепак, има и подобра шанса бидејќи игра на домашен терен против Шалке и тука може да се очекуваат бодови.

За разлика од Бенфика, составот на Хапоел е во потешка ситуација бидејќи мора да игра како гостин во Лион, а таму домашниот тим се бори за пласман на првото место во групата. Затоа, претставникот на Израел се наоѓа во најтешка ситуација во моментов.

Инаку, Бенфика нема шанси за да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите бидејќи има послаб меѓусебен дуел со Лион.

ГРУПА "Ц"

Ниту овде прашањето за првото место не е сигурно. Манчестер е во подобра ситуација. Досега нема пораз, а нема примено ниту гол. Тимот кој може да нападне е Валенсија, која доколку дојде до победа вечерва тогаш ќе го превземе првото место.

Со оглед на фактот што при рангирањето во групите прво се гледа меѓусебниот дуел (Манчестер победи во Шпанија со 1:0). Ако Валенсија победи и со 1:0 ќе биде во предност бидејќи има подобра гол разлика. Секоја друга победа за Валенсија исто така носи предност бидејќи ќе има подобар дуел со тимот од Манчестер.

Затоа, тешко може да се очекува дека домашниот тим ќе дозволи некакво изненадување. Сигурно ќе се оди кон тоа да се зачува сопствениот гол бидејќи и со реми Манчестер останува на врвот.

Вториот дуел од оваа група не решава ништо бидејќи веќе е јасно дека Ренџерс не може ни погоре и подоле на табелата.

ГРУПА "Д"

За разлика од другите три групи, овде е сосема јасно кој завршува на првото место. Барселона е веќе сигурна и вечерва ќе игра само за престиж и за нови бодови.

Затоа, пак, за гостинот од Русија овој меч е многу важен. Мора да победи за да остане со надеж дека ќе дојде до 2. место. За да се случи тоа во Данска, Копенхаген мора да загуби од Панатинаикос, што тешко би можело да се оствари.

На Рубин му одговара само оваа комбинација бидејќи секој друг резултат ќе биде поразителен. Дури и во случај Русите да ремизираат на Ноу Камп, а Копенхаген да загуби дома Данците продолжуваат во следната фаза од ЛШ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...