Господарот останува од Барса

Екипата на Барселона ќе остане со приматот од лани кога Лионел Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на 2009 година. Тројцата играчи кои влегоа во трка за престижната награда за златната топка се од Барселона така што оваа година нема да има поместување.

Меси ќе има тешка задача за да ја одбрани титулата освоена во 2009 година бидејќи Иниеста и Чави имаа многу подобри постигнувања од него и со репрезентацијата на Шпанија се искачија на највисокото место на пиедесталот на Мундијалот во ЈАР.

"Мислам дека годинава наградата треба да му припадне или на Чави или на Иниеста. И двајцата ја заслужија максимално. Ако може некој да ми верува, јас еднакво ќе се радувам без разлика кој ќе дојде до трофејот. Важно останува во Барселона уште една година", вели Меси.

Истите изјави можеше да се слушнат и од Чави и од Иниеста така што до последен момент нема да се знае ништо.

Меси во 2010 година ја предводеше Барса кон титулата во Шпанија. Иниеста го постигна решавачкиот гол во финалето на СП, додека Чави постави големи бројки зад себе во дресот на Каталонците, а беше незаменлив дел и од тимот на Барса и од селекцијата на Шпанија.

На гала приредбата која ќе се одржи во Цирих ќе има доделување и на други награди. Ќе биде прогласена и најдобрата фудбалерка, најдобрите тренери во машка и женска конкуренција, како и најдобриот тим за 2010 година. Гласањето е веќе завршено, а денеска се очекува да биде извршена промоцијата на новиот Господар на фудбалот, како и на носителите на другите награди.

НОМИНАЦИИ ЗЛАТНА ТОПКА

МАЖИ

-Андрес Иниеста (Барселона, Шпанија)
-Лионел Меси (Барселона, Аргентина)
-Чави (Барселона, Шпанија)
ЖЕНИ
-Фатмире Бајрамај (Турбине Потсдам, Германија)
-Марта (Голд Приде, Бразил)
-Биргит Принц (Франкфурт, Германија)

ТРЕНЕРИ

МАЖИ
-Висенте Дел Боске (Шпанија - селектор)
-Жозеп Гвардиола (Барселона, Шпанија)
-Жозе Мурињо (Интер-Реал Мадрид, Португалија)

ЖЕНИ
-Марен Мајнерт (Германија - селектор до 20 години)
-Силвија Најд (Германија - селектор)
-Пиа Сундаге (Селектор на САД)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...