Меси и Мурињо најдобри во 2010. година

На традиционалната гала церемонија одржана во Цирих, ФИФА , за прв заедно со престижниот "Франс Фудбал" им ги врачи наградите на најдобрите во изминатата година според изборот на селекторите и капитените на сите репрезентации, како и избраните новинари.

Наградата за најдобар фудбалер во 2010. година ја доби, мора да се каже, неочекувано, Лионел Меси. Аргентинецот доби предност во однос на соиграчите од Барселона и шпанската репрезентација, Чави и Иниеста.

"Искрено, не очекував да го добијам овој трофеј. Доволно ми беше што бев покрај моите двајца пријатели. Ви благодарам за аплаузите, сакам трофејот да го посветам на семејството, сите пријатели и на навивачите на Барселона и Аргентина" - изјавил Меси.

Најдобар тренер е Жозе Мурињо и тоа поради "тројната круна" освоена со Интер. Португалецот доби повеќе гласови во однос на Висенте дел Боске и Пеп Гвардиола.

Во идеалниот тим за минатата година се избрани

Касиљас,

Пике, Пујол, Лусио, Мајкон,

Иниеста, Чави, Снајдер,

Кристијано Роналдо, Меси и Виља.

Прв пат е избран женски тренер на годината, во прашање е Силвија Нејд, предводничката на Германките кои доминираат во светскиот фудбал. Најдобрата фудбалерка доаѓа од Бразил, во прашање е Марта која ова признание го доби по петти пат.

Наградата за фер плеј го доби женскиот фудбалски тим на Хаити, за своето храбро однесување за време на катастрофата во нивната земја.

Претседателската награда замина за Дезмонд Туту, за неговиот допринос при организацијата на Мундијалот во Јужна Африка.

Гол на годината е фантастичниот погодок на Хамит Алтинтоп против Казахстан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...