Барселона доби големо признание

Тренерот на Барселона, Жозеп Гвардиола го оцени како големо признание за неговиот тим прогласувањето на Лионел Меси за најдобар фудбалер на 2010 година и влегувањето на Андрес Иниеста и Чави во најтесниот круг на кандидати.

- И покрај тоа што јас не успеав да го победам Мурињо во категоријата „тренер на годината“, сепак признанијата кои ги добија моите играчи направија на оваа вечер долго да се сеќавам. Ова вечер припаѓа на сите кои работеа за екипата, на навивачите и раководството и секако на триото Меси, Чави, Иниеста. Упорно го градевме имиџот на Барса по кој таа е препознатлива и се надевам дека ќе продолжиме да играме фудбал во наш препознатлив стил. За тоа најзаслужни се фудбалерите, сегашните и оние кои го носеа дресот на Барселона во последните неколку сезони, истакна Гвардиола.

На синоќешната церемонија во Цирих организирана од ФИФА и „Франс Футбал“, Лионел Меси вторпат беше прогласен за најдобар фудбалер на годината, а Жозе Мурињо стратегот на Реал Мадрид кој минатата година со Интер ги освои сите можни трофеи беше прогласен за најдобар тренер во 2010 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...