Арсенал конечно до триумф

Составот на Арсенал успеа да ја совлада Барселона после голем пресврт кој беше направен за пет минути. Тимот од Лондон губеше до 78 минута, а потоа Ван Перси и пет минути подоцна Аршавин му донесоа голема победа на составот на Арсенал. Во меч со одличен фудбал победи тимот кој беше похрабар во второто полувреме.

Од првата минута и двете екипи почнаа со отворена игра. Она што сите го очекуваа се случи на Емирати бидејќи шансите се редеа на двете страни. Имаа минато само десет минути, а веќе не можеше да се изброи колкупати претрчаа од едниот до другиот гол.

Првата шанса за отворање на резултатот ја имаше Ван Перси (4 минута). Биеше од десната страна на Валдес, но само во голманот на Барселона.

Во 15 минута, Меси ја имаше најголемата шанса до тие моменти за отворање на резултатот. Изби сам пред голманот на Арсенал, Шчесни кој беше одлично поставен. Се обиде да го избегне со шутот, но топката заврши крај стативата.

Она што не му успеа на Меси, 11 минути подоцна Виља без проблеми успеа да го казни и да донесе предност за Барселона. Акцијата од средината на теренот ја водеше Меси, а околу него имаше неколку играчи на Арсенал. Тоа не му пречеше воопшто да најде пат до Виља, а овој веќе успеа да избие сам пред Шчесни. Голманот на домашните истрча да затвори, но топката веќе беше под него и упатена кон празниот гол за 0:1 на Емирати.

Предноста од 1:0 за Барса значеше и почеток на играта која излудува односно игра со прецизни додавања од нога до нога низ целиот терен. Фудбалерите на Арсенал чекаа да има грешка за да успеат да стигнат до топката и да истрчаат контра, но такви шанси имаа само малку и ниту една од нив до крајот на првото полувреме не успеаја да претворат во гол.

Почетокот на второто полувреме му припадна на тимот на Арсенал, кој беше далеку посериозен во шансите за да постигне гол. Додека Барса ја концентрираше својата игра на средината од теренот, домаќинот напаѓаше, но ниту една акција не беше доволно сериозна за да го загрози голот на Валдес.

Сепак, домашните успеаја да дочекаат да се радуваат. На 12 минути пред крајот на регуларното време Ван Перси успеа да се ги измами своите чувари. Се проби по левата страна и дојде до речиси иста позиција како на стартот од средбата. Овој пат Валдес лошо ја чуваше својата мрежа и топката влезе во голот меѓу него и стативата.

Пет минути подоцна шок за гостите. По една акција на Насри кој проби по десната страна, успеа да подаде кон средината на шеснаесетникот. Одбраната на Барса беше пасивна, а Аршавин налета и биеше покрај гостинските играчи кои го имаа блокирано Валдес. Голманот на Барселона не можеше да интервенира, но затоа можеше по вторпат да ја извади топката од голот.

До крајот ништо не се измени така што остана резултатот од 2:1 кој за две недели Арсенал ќе мора да го одбрани во Барселона, а домаќинот да се обиде да го надмине на патот кон следната рунда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...