Шахтјор изненади во Рим

Гостинот од Украина приреди големо изненадување во Рим совладувајќи ја Рома со 3:2 така што си создаде одлична предност за реваншот и сега е многу поблизу до место во четвртфиналето. Рома го загуби мечот уште во првото полувреме кога за 12 минути прими три гола, па во вториот дел залудно се бараше шанса за пресврт.

После долгото испитување на силите екипата на Рома среќно стигна до водечки гол во 28 минута. Тадеи упати топка во казнениот простор, а Перота беше највисок во скокот. Сепак, беше далеку на втората статива и биеше во телото на Рат кој му помогна ударот да заврши зад линијата.

Радоста на домашните траеше кратко бидејќи Хадсон веќе во следниот напад биеше прецизно. Неговиот шут од дваесетина метри беше толку силен и одеше кон средината на голот што не можеше да се запре. На патот кон голот закачи и еден играч на Рома така што топката заврши на вистинското место и за две минути имаше втор погодок на "Олимпико".

Како одминуваше времето така гостите ја превземаа иницијативата и делуваа застрашувачки. Даглас Коста беше одлично покриен, но најде минимален простор за да бие. Позицијата беше речиси иста како и при првиот гол, но тој биеше со лева нога и толку прецизно што заврши веднаш до стативата. Тоа се случи во 36 минута, за пет минути подоцна Луиз Адриано да ја измами одбраната после еден одличен центаршут и да зголеми на 3:1 за голема предност на паузата.

Во второто полувреме се чекаше 16 минути за да дојде петиот погодок на средбата. Уште еднаш голот беше постигнат од далечина. Менез виде дека голманот на Шахтјор е излезен и со одмерен удал биеше над него така што го намали водството на гостите на 2:3. Тоа се случи во 61 минута, но потоа одново беше воспоставена рамнотежа и немаше премногу шанси за да се стори нешто повеќе.

Овој резултат остана така што Шахтјор е тимот кој ќе има предност на реваншот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...