Серија "А" губи едно место во ЛШ

Екипите од Италија следната сезона би можеле да имаат едно место помалку на средбите од Лигата на шампионите доколку до крајот на сезоната не се случи нешто изненадувачко.

Поради слабите резултат Италија го губи третото место во рангирањето на лигите, па на оваа позиција би можела да се најде Бундес-лигата. Со тоа Германија би добила уште едно место и на тој начин ќе се најде рамо до рамо со Англија и Шпанија кои ги имаат првите две позиции во моментов.

Според најновото рангирање Италија има помал клупски коефициент од Германија. Италијанците се на бројката од 59,9 додека Германија има 67,4 што е далеку подобро, па со тоа и дава шанса следната сезона да се избори за четири места во Лигата на шампионите. Се случи ли ова тогаш само три екипи од Серија "А" ќе можат да дојдат до настап во најсилното клупско натпреварување во европски рамки.

Вакво нешто можеше да се случи и минатата година, но тогаш Интер успеа да ја спаси Италија со победата во ЛШ. Како што се движат сега работите тешко дека може да се повтори истата ситуација и сигурно е дека Германија ќе се најде пред Италијанците во рангирањето за изборување на места во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек доаѓа во едно село, среќава двајца селани на сред село и му се обраќа на едниот.
- Каде е кметот?
- Сее!
- Сее? Сред зима?
На тоа се надвоврзува другиот селанец:
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1662.- Умре Блез Паскал, француски математичар,...
1850.- Во Париз умре Оноре де Балзак, француски...
1936.- Франкистите од Шпанија го застрелаа...
1973.- Полковникот Пападопулос, шеф на воената...