Убедливи победи на Реал и Шалке

Фудбалерите на Реал Мадрид и на Шалке се пред пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите откако синоќа во првите четвртфинални дуели славеа убедливи победи против Ливерпул, односно Интер.

На „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал оствари победа над Ливерпул со 4:0. Стрелци на головите за „кралскиот клуб“ беа Емануел Адебајор (5 и 57.минута), Ангел Ди Мариа (72.минута) и Кристијано Роналдо (87.минута). Гостите од Ливерпул од 15.минута играа со играч помалку, бидејќи беше исклучен Питер Крауч поради два жолти картони.

Пет голови и тоа на гостински терен постигна бундеслигашот Шалке против европскиот првак Интер за убедливи 5:2 пред реваншот во Гелзенкирхен. Иако Интер имаше водство од 1:0 и 2:1, на крајот претрпе убедлив пораз кој со голема веројатност значи елиминација и неможност да се одбрани трофејот освоен минатата година.

Дејан Станковиќ и Диего Милито ги постигнаа головите за „нероазурите“ а во првото полувреме изедначуваа Џоел Матип и Еду. Германците во вториот дел преку Раул Гонзалес, автоголот на Андреа Ранокиа и Еду постигнаа уште три, а не примија ниту еден гол.

Горан Пандев беше на резервната клупа на поразениот тим и не влезе во игра.

На 13 април се реванш натпреварите во Ливерпул, односно во Гелзенкирхен.

За вечерва од 20 часот и 45 минути се закажани уште две први средби од четвртфиналната фаза во ЛШ. Играат: Челзи - Манчестер Јунајтед и Барселона - Шахтјор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...