"Кралевите" по повторување на историјата

Реал Мадрид ја пречекува Барселона во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. Во 4. пресметка сезонава меѓу овие два тима, многумина ги гледаат "кралевите" со улогата на фаворит. Ждрепката донесе повторување на историјата, па овие два клуба по третпат ќе играат во полуфиналето во најсилниот европски куп. Претходните двапати Реал беше поуспешен, па Барселона вечерва ќе има многу причини за реваншизам.

После освојувањето на пехарот во Купот на Шпанија и изјавите на сите во Реал станаа прехрабри, па веќе не се коментира како досега туку се води кон обезбедување на пласман во финалето и победа во него.

"Можеме да ја завршиме оваа сезона снажно и имаме чувство дека сме способни да победиме против секого на секој стадион. Победивме против Валенсија и одигравме спектакуларен фудбал и тоа после освојувањето на Купот на Шпанија", коментира тренерот на Реал Мадрид, Мурињо пред денешниот дуел против Барселона.

Сепак, факт е дека играта против Валенсија нема да има ниту 10 проценти сличност со онаа што "кралевите" ќе ја прикажат вечерва. Мурињо повторно ќе игра дефанзивно со четири играчи во линија пред Касиљас, но и со тројца играчи за врска кои се дефанзивно ориентирани. Повторно ќе го користи истиот стил и со контри ќе ја напаѓа Барселона. Според тоа и вечерва нема "фудбал" на Бернабе.

"Барселона е одлична екипа, но дефинитивно не сум сигурен дека се најдобри на светот. Особено не сум сигурен дека ова е нивната најдобра екипа на сите времиња. Тоа се прехрабри изјави. Што се однесува до полуфиналето нема вистински фаворит, а резултатите од порано не значат ништо. Се може да се случи и овде, но и на другиот двобој. Никој не може да биде убеден дека Манчестер е фаворит", коментира Мурињо во свој стил.

Неговиот колега, Пеп Гвардиола, пак, овој пат ја префрла топката и му дава предност на противникот.

"Го прифаќаме тоа дека Реал Мадрид е фаворит во дуелите од Лигата на шампионите. Сфаќам зошто сите зборуваат така. Реал го освои Купот и игра добро. Можеби во моментов не сме во најдобра физичка подготвеност за игра на Бернабе, но емоционално сме многу добро. Подготвени сме да го прифатиме предизвикот. Имаме голема самодоверба во себе, а јас имам голема доверба во играчите. Имаме проблеми со составот, но нема да играме со цел да извлечеме што подобар резултат на првиот меч и на реваншот да одиме на подобар резултат. Ако играме така Реал може да не прегази. Мораме да истрчаме желни да постигнеме што повеќе погодоци", рече Гвардиола пред денешната средба.

Ова е само првиот меч од полуфиналето кој ништо нема да одлучи. Се ќе биде познато следниот вторник кога се игра реваншот на Ноу Камп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...