Ќе има казна за Мурињо

Иако не кажа се што мисли на прес-конференцијата, Жозе Мурињо дефинитивно ќе добие нова казна од страна на УЕФА, па сигурно ќе биде санкциониран од Дисциплинската комисија. Со оглед на тоа дека и додека беше тренер на Челзи зборуваше премногу и беше казнет, а сезонава веќе еднаш беше санкциониран членовите на Комисијата сигурно нема да му гледаат низ прсти и ќе го санкционираат.

Мурињо беше преселен на трибините во средата само една минута после црвениот картон на Пепе. Додека фудбалерот го напушташе теренот, Мурињо почна со гестикулации. Сепак, главното за коешто ќе биде казнет се случи после мечот.

"Не ми е јасно како во натпревар каков што беше овој, многу израмнет, судијата може да направи такво злосторство. Судиите во фудбалот би требало да осигураат еднаквост за сите. Во еднакви услови играта би требало да го одреди подобриот. Не ми е јасно зошто УЕФА не дава никому да игра против Барселона", зборуваше Мурињо.

Сепак, имаше и продолжение.

"Понекогаш чувствувам гадење што живеам во ваков свет, но тоа очигледно е нашиот свет. Се прашувам зошто. Зошто господине Овребо, господине Бусака, господине Штарк? Во секое полуфинале се случуваат идентични работи. Барселона е одлична екипа, но зошто пред две години не помина Челзи. Зошто минатата година Интер поради чудо? И честитам на Барселона, но и честитам и на влијанието кое го има на судиите. Сигурен сум дека до него е многу тешко да се дојде. Јас би чувствувал срам вака да ја освојам Лигата на шампионите", изјави Мурињо.

И покрај се главното прелевање на чашата се чини се случи во моментите кога Мурињо се дрзна и почна да зборува дека УНИЦЕФ, кого го рекламира Барса на своите дресови е еден од виновниците што клубот прави што сака. Затоа, овие изјави може да го чинат премногу стратегот од Португалија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...