„Летаат" тужби меѓу големите ривали

Членовите на раководството на Барселона по состанокот кој го одржаа еден ден по средбата против Реал Мадрид поднесоа тужба до УЕФА со која ќе бараат правда на зелената маса. Причината за ова се изјавите на Мурињо после натпреварот во кои тој го споменуваше УНИЦЕФ и одредени личности како виновници за поразот.

"Гвардиола е фантастичен тренер, но нека освои Лига на шампиони во која никој не би се срамел. Нека биде се чесно. Нер знам дали ова се случува поради Вијар или поради Уницеф. Не можам да разберам", кажа Мурињо после средбата.



Овие изјави во Барселона ги сфатија како навреда, па адвокатите на клубот експресно поднесоа тужба до УЕФА и ова ќе биде на дневен ред во текот на следната недела.

Ниту од противничкиот табор не седеа со скрстени раце и брзо дадоа одговор за тужбата на Барселона. Тие немаат жалење за некоја од изјавите кои ги дадоа Каталонците после средбата, туку се однесува да фудбалерите и тоа за настаните на теренот.

На интернет страницата на Реал Мадрид е објавено дека клубот веќе има испратено тужба до УЕФА поради "неспортско однесување" на фудбалерите на Барселона за време на првата полуфинална средба од Лигата на шампионите која се одигра на "Бернабе" во средата.

Од УЕФА веќе е реагирано и најавена е истрата на случајот.

УЕФА кажа што ќе разгледува



Според информациите кои се објавени на интернет страницата на УЕФА, на 6 мај ќе има неколку работи кои ќе бидат предмет на разгледување. Предмет во случајот Реал Мадрид се: фрлање на предмети на теренот, црвениот картон на Пепе, бркањето на Мурињо на трибините, но и неговите изјави по натпреварот.

Барселона е предмет на испитување само за црвениот картон кој го доби Пинто на полувремето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...