Гигс во секс-афера со својата снаа

Наташа без влакна на јазикот

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс се најде на насловните страници на жолтиот печат во Англија поради секс-скандали.

Англискиот неделник Њуз оф д'Ворлд ексклузивно објави дека 37-годишниот фудбалер и поранешен носител на одликувањето Спортска личност на годината ја изневерувал сопругата Стејси со сопругата на својот брат, Наташа, и тоа цели осум години.

Гигс се запознал со Наташа во март 2003 година во ноќниот клуб Шугар Лонџ кога тој не бил женет, но бил свршен со сегашната сопруга Стејси, која во тоа време била бремена со нивното прво дете. Рајан наводно ја завел Наташа, која подоцна го запознала неговиот брат Родри, а по две години се омажила со него. Истовремено ја продолжила и врската со Рајан.

Таа открива дека се наоѓала со ѕвездата на Јунајтед во разни хотели и станови во Манчестер во кои можела да влезе како агент за недвижности. Додаде дека последен пат спиела со него на 9 април оваа година.

"Рајан не беше романтичен кон мене, никогаш не рече дека ме сака, туку се работеше само за секс. Знаев дека тоа што го правам е најлошо предавство.

Имоџин како "шлаг" на скандалот

Се обидов да прекинам, но врската беше како зависност од дрога. Што и да побараше од мене не можев да кажам не", изјавила 28-годишната Наташа, која откри уште неколку пикантерии околу нивната врска.

"Еден ден откако му се роди синот се сретнавме и водевме љубов. Стејси се уште беше во болница", открива Наташа.

Британските медиуми пред неколку недели открија дека Гигс седум месеци ја изневерувал сопругата со екс-мис Велс и ѕвездата на "Големиот брат" Имоџин Томас.

"Кога дознав дека се забавувал и со Имоџин бев повредена. Знам дека звучи лудо. Не само што ја изневерувал Стејси туку ме изневерувал и мене", изјави бринетата која со Родри има две деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...