Фудбалска магија во земјата на тангото

Првиот ден од јули (по локално време) во Аргентина почнува Копа Америка, најстарото континентално фудбалско натпреварување во светот. Фантастичен фудбал, спектакуларни голови, полни стадиони, прекрасна атмосфера зачинета со огномет и танци е само дел од она што ќе го видиме на легендарната Копа Америка.

Аргентина последен пат го организираше првенството во 1987 година, а ова е деветти пат како е домаќини на собирот на најдобрите латино селекции. Во Аргентина владее голем интерес и со нетрпение се очекуваат дуелите на репрезентацијата. Иако потресени од последните случувања во Буенос Аирес, сепак, нацијата е подготвена да направи фантастично шоу кое ќе ги воодушеви и најпребирливите фудбалски фанови.

Аргентина како домаќин најмногу го посакува трофејот. Сакаат да го срушат рекордот кој го делат со Уругвај со по 14 титули. Селекторот Серхио Батиста го собра најдоброто во моментов и очекува без проблеми да стигне до големото финале па и пехарот. Меси, Тевез, Агуеро, Ди Мариа, Пасторе, Камбијасо, Маскерано... се дел од играчите кои ќе ги бранат боите на "гаучосите".

Меѓу најголемите фаворити тука е и Бразил. "Кариоките" се бранители на титулата и исто како и Аргентинците доаѓаат со најсилен состав и големи мотиви. Селекторот Мано Менезес испроба многу фудбалери пред да го објави конечниот список, а во последен момент ги внесе Пато и Гансо, кои до пред неколку недели беа повредени. Менезес донесе многу новини во репрезентацијата во поглед на дисциплината и очекува многу од оваа генерација бразилски ѕвезди.

Од Уругвај се очекува да го демонстрира фудбалот од последното Светско првенство во Јужна Африка на кое го освои четвртото место. Уругвајците исто така имаат фантастичен тим и заедно со Аргентина и Бразил се вбројувани како фаворити за трофејот.

Од Парагвај, Чиле, Колумбија па и Еквадор се очекува да изненадат и да направат голем чекор напред. Реално полуфиналето е нивниот краен дострел иако никој не смее предвреме да ги отпишува бидејќи сите овие селекции се составени од млади и перспрективни играчи.

Боливија, Венецуела и Перу се најслабите репрезентации од јужноамериканскиот континент. Нивните желби се нокаут-фазата иако се претпоставува дека нема да ги минат групите.

И на крајот тука се гостите Мексико и Костарика, кои ги пратија селекциите до 21 година на овој шампионат. Мексиканците го освоија Голд Купот пред неколку денови, па дел од ѕвездите од тој турнир нема да се најдат на Копа Америка. Ова за нив е можност за промоција на младите фудбалери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...